Што значи прогласувањето на пандемија и како ќе влијае тоа на секој од нас?

Пандемиите немаат никаква врска со сериозноста на болеста, туку со нејзината географска распространетост. Светската здравствена организација прогласува пандемија секојпат кога новата болест за која луѓето немаат имунитет почнува да се шири со голема брзина.

Еднаш кога ќе се прогласи пандемија, станува поверојатно дека ширењето во заедницата евентуално ќе се случи, а владите и здравствените системи мора да се осигураат дека се подготвени за тоа.

Од друга страна, епидемијата е брз пораст на случаите на заболување или болест која може да биде единствена за една земја или заедница.

Стручњакот за заразни болести, професот Питер Колињон, изјави дека фекално-оралниот пат е најчест за пренос на коронавирусот. Тоа значи дека во земјите со солиден санитарен систем и постојано снабдување со вода, влијанието на пандемијата може да биде помалку сериозно.

Што значи за светот прогласување на пандемија?

Прогласување пандемијата би значело дека забраните за патувања веќе нема да бидат корисни или да имаат смисла и тоа би ги предупредило здравствените органи да се подготват за следната фаза – подготовка на болниците, собирање залихи на антивирусни средства и советување на јавноста како соодветно да соработува за заедничко добро.

Директорката на Центарот за инфективни болести и имунологија во Квинсленд, проф. Нигел Мекмилан за Гардијан вели дека пандемијата воедно е најтешкиот тест за владите ширум светот – да ги поттикнат граѓаните да ги променат навиките на однесувањето, како откажување присуство на какви било социјални настани или генерално напуштање на домот доколку се болни. Бидејќи Мекмилан веќе била дел од тимот кој заминал за Пекинг во 2003 во обид да го спречи ширењето на САРС, истакнува дека здравствените институции ширум светот мора да ги подготват своите вработени за целиот процес. Воедно, предупредува дека сензационализмот кој медиумите го користат при известувањето ја зголемува непотребната паника, која пак, ја потиснува суштината навремено да се подигне свесноста. Најбитно е луѓето да останат совесни и да ги следат препораките.

Според последните информации, експретите предвидуваат дека вакцината за коронавирусот ќе биде готова за 18 месеци.

Кога досега била прогласена пандемија?

2009 година поради свинскиот грип

1981 година поради ХИВ

1918 година поради шпанската грозница

1870 година поради големите сипаници

1347 година поради бубонската чума.

СЗО попладнево прогласи пандемија на коронавирусот Ковид-19. Прочитајте како се пренесува вирусот и кои мерки да ги преземете за да се заштитите.
Доколку не се чувстувате добро и ги препознавате симптомите на Ковид-19, телефонските броеви за пријавување на симптоми на коронавирус се достапни тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот