Што значи посетата на Си за Украина?

Зеленски/ Фото APAImages / Shutterstock Editorial / Profimedia

Што ќе значи за Украина посетата на кинескиот претседател во Москва е едно од прашањата во главите на многу луѓе – веројатно и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој истакна дека не сака Кина да испорачува оружје на Русија, пренесува „Би-Би-Си“.

Тој побара да се сретне со Си Џинпинг неколку пати откако избувна војната, иако тоа сè уште не се случило. Американските медиуми наведуваат дека кинескиот лидер ќе разговара со Зеленски практично по неговото патување во Русија, но тоа не е официјално потврдено.

Не долго откако Си слета во Москва, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина „твитна“, сугерирајќи дека кинескиот мировен план од 12 точки за да помогне во решавањето на војната пропушта некои клучни детали.

Олексеј Данилов рече дека повлекувањето на руските трупи од територијата на Украина треба да биде „првата и главна“ клаузула од предлогот. Во моментов не кажува ништо од тој вид – само дека треба да се почитува „суверенитетот на сите земји“.

Кремљ соопшти дека Си и Путин ќе разговараат за планот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот