Што значи да се „јаде умерено“ ?

Profimedia

Колку пати сте ја слушнале фразата „се во умерени количини“? Но што всушност значи тоа „умерено“? Не постои научна дефиниција за овој термин, иако нутриционистие ја дефинираат умерената исхрана како онаа во која се „избегнуваат претерани количини калории или било која одредена врста на намирници и хранливи материи“, пренесува Danas.

КАЛОРИИ

Просечната личност треба да внесува околу 2,000 калории дневно. Доколку се подели тоа на 3 оброка и 2 ужинки, станува збор за околу 500 до 600 калории по оброк и околу 125 до 250 по ужина.

Фактори кои може да влијаат на внесувањето калории „умерено“ се полот, висината, физичка активност и старост. Поради повеќето мускули кај мажите, најчесто е потребно тие да внесуваат повеќе калории од жените.

КОНТРОЛА НА ПОРЦИИ

Броењето на калории е многу досаден начин за да видиме дали јадеме умерено. Затоа е воведен нов термин: контрола на порции. Тој се појавил како последица на порциите кои се далеку од умерени, што значи дека содржат многу повеќе калории од оние што се потребни по оброк.

Многу луѓе се навикнати на преголеми порции и често сервираат од 4 до 5 пати поголема порција од стандардното. Големината на порцијата што ја пишува на пакувањата од храната, не е воопшто мала, туку доволно за умерена количина, иако повеќе пати не мислиме така. Затоа добро е да се следат упатствата за припремување.

РАЗНОВИДНОСТ

Порциите би требале да бидат слични како оние кои ги служат во авион или болница – само поубави и повкусни. Погледнете внимателно нареден пат и ќе видите различни врсти на намирници, но умерено послужени. Разновидноста е клучна кога станува збор за исхраната, но често ја забораваме. Ниту една намирница не ги содржи сите неопходни хранливи материи, па затоа треба да се зема од сите групи. Така на својот организам ќе му обезбедите се што е потребно и ќе бидете здрави.

ЗАКЛУЧОК

Јадењето умерено и разновидно може да помогне и кај слабеење, контрола на телесната тежина и доброто здравје. Меѓутоа, умерената исхрана е субјективна. Постојат начини за внесување разумни количини на храна, па треба да се обрне внимание на нив, а можете неколку дена да користите и чаши за мерење и точно да видите како изгледа чаша или лажица од некоја намирница. Исто така, за да јадете умерено, обрнете внимание на тоа колку сте гладни пред и после внесување на мала количина храна, па ќе знаете колку треба да јадете. Стариот трик на тие што држат диети е водење на дневник, има повеќе ефекти отколку што мислите.

Доколку сето ова ви делува претешко, можете да се обратите и кај нутриционист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот