Што всушност се случи во Азовстал, предавање или „операција за спасување“?

Украинските борци го напуштија Азовстал/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE/HANDOUT BEST QUALITY AVAILABLE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Повеќе од 250 украински борци неодамна излегоа од опколената челичарница „Азовстал“ во Мариупол по тајните преговори за нивна евакуација. Додека украинската војска и западните медиуми избегнуваа да го користат зборот „предавање“, опишувајќи ја операцијата како обид да се спасат што е можно повеќе животи, сепак дел од светските медиумски куќи откриваат дел од мистеријата што точно се случило и каде операцијата за извлекување потфрлила.

Питер Хичинс долгогодишен аналитичар и новинар за лондонски „Дејли мејл“ вели дека во отсуство на информации од теренот што точно се случило, западните медиуми особено оние во Обединетото Кралство за овој настан користеле не соодветна терминологија одбегнувајќи го зборот „предавање“ на украинските војници.

Според него борците од баталјонот Азов кои беа последните кои останаа во челичарницата на своите униформи носеле и неонацистички ознаки „СС“ за кои никој од западните медиуми не јавија.

– Медиумите во Британија за овој настан се трудеа да не ги спомнуваат „неонацистите“ и да избегнат употреба на зборот „предавање“. Наместо тоа, беше кажано дека гарнизонот Мариупол бил „евакуиран“ на територијата што ја контролира Русија. Сликите покажаа дека се разоружани и фрлени од страна на руски војници. Но, ние сме многу во канџите на едностраното гледање на овој конфликт што не можевме ни да признаеме дека капитулирале – вели Хичинс.

Според него одбивањето да се прифати таква очигледна реалност е знак на лудило.

– Јас лично немам поим каков британски интерес служи поддршката на американската политика за поттикнување проблеми во Украина и поттикнување на Русија во борба. Можеби некој би можел да ми објасни, преку чинија пилешко и шише вотка. Но, за да се одржи каква било дебата, ќе мора да почнеме да ја прифаќаме реалноста дека постојат две страни и аргументи во војната – дополнува Хичинс.

Инаку од украинска страна беше соопштено дека евакуираните војници од челичарницата била успешно спроведена и според официјален Киев, во наредниот период ќе биде најважно да се зачуваат животите на бранителите на Мариупол.

– Се надеваме дека ќе можеме да ги спасиме животите на нашите момчиња. Сакам да подвлечам: украинските херои ѝ се потребни живи на Украина. Тоа е нашиот принцип – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака.

Подоцна за збор се јави и ултранационалистичкиот полк Азов. Евакуацијата на борците значи крај на мисијата, објасни командантот Денис Прокопенко.

„Во војна не постојат апсолутно сигурни планови и операции“, оцени тој, додавајќки дека биле земени предвид сите ризици и дека треба да се спасат што е можно повеќе борци.

Од друга страна неодамна руското министерство за одбрана претходно објави прекин на огнот во Мариупол со цел да се извлечат повредените украински војници од челичарницата.

Москва, како што соопшти, како цел на акцијата на евакуација на украинските борци ги определила „медицинските установи“ во Новоазовск, при тоа не прецизирајќи што ќе се случува со војниците и каква ќе биде нивната судбина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот