Што всушност се крие зад социјалната мрежа која го освои светот уште од почетокот на пандемијата?

До пред еден месец, „Зум“ беше само една од платформите која се користеше во деловни здодевни комуникации во свет преполн со апликации. Коронавирусот предизвика загуби на многу компании, но на „Зум“ му донесе голем и неочекуван успех, пишува порталот Новац.хр.

 

„Зум“ преку ноќ случајно стана социјална мрежа. Во време кога милијарди луѓе ширум светот социјално се дистанцираат за да се сузбие заразата со Ковид-19, оваа апликација почна да се користи не само во деловни конференции на далечина, туку и училишните и универзитетските часови, разни обуки, групни терапии, дебати, па дури и свети обреди почнаа да се одвиваат преку „Зум“.

-Секој ден е рекорд- рече на „Блумберг“ Ерик Јуан, основач на „Зум“, кој никогаш не сонувал дека еден ден ќе го смени светот на технологијата како гигантите „Фејсбук„ и „Твитер“.

Луѓето преќу ноќ сфатија колку им е потребна ваква платформа, а „Зум“ одеднаш стана критична инфраструктура.

-Компанијата не навремено и мудро подготви стратегија за развој, вели Јуан, чиј сегашен раст е огромен стрес при водење бизнис. Неподготвен за успех, тој треба постојано да ја надградува апликацијата и да се справи со неуспесите и со критиките.

Случајна мрежа

Јуан секогаш го фрустрирала далечината и заради тоа, тој решил животот да го посвети на комуникација во далечина. Како помлад син на кинески рудар, тој пораснал во кинеската провинција Шандонг, на полуостровот што се протега во Жолтото Море. Додека студирал математика и компјутерски науки на универзитетот Шандонг, тој морал да патува десет часа со воз за да ја види својата девојка. Затоа се оженил на 22 години.

Следејќи го својот идол Бил Гејтс, тој реши да се пресели во Силиконската долина, но неговата апликација за виза му била  одобрена дури по неговиот деветти обид и две години упорност. Неговата кариера започна во старапот „Вебекс“, развивајќи прототипови за видео разговори. Компанијата била откупена од Cisco Systems Inc., а со тоа Јуан станал потпретседател на Одделението за инженерството.

Erik Juan, Zoom
Ерик Јуан, основач на „Зум“

Но, неговите визии полека почнаа да се одвојуваат од фирмата. Со порастот на iPhone, тој увидел дека на компанијата и е потребен производ што работи на мобилен телефон, но раководството на Cisco не се согласувало со тоа.

Во 2011 година, Јуан ја напуштил компанијата и основал своја компанија, а тоа е компанијата „Зум“. Фирмата е со седиште во Сан Хозе, има свој истражувачки тим во Кина. „Зум“ првично била привлечна за деловниот сектор, бидејќи била неутрална платформа, не поврзана со Apple или Microsoft. Бидејќи платформата овозможува конференции со дури 1.000 луѓе, неа можат да ја користат малите бизниси и големите корпорации. Интегрирана е со „Скајп“ и „Слек“, така што корисниците можат да организираат и да започнат состаноци користејќи Outlook, Gmail или iCal.

Апликацијата „Зум“ е бесплатна доколку одржувате состаноците за помалку од 40 минути и со максимум 100 учесници. Инаку, надоместокот за негово користење е 19,99 долари по состанок. Апликацијата исто така се прилагодува на најдобриот сигнал, бидејќи „Зум“ ги поврзува учесниците со еден од своите 17 центри за податоци низ целиот свет.

Леснотијата на употреба брзо ги стекна своите корисници. Дури го користат политичари и други истакнати личности за да работат од дома, како што се британскиот премиер Борис Џонсон или познатиот комичар Џими Фалон.

Во декември, бројот на корисници дневно на „Зум“ беше 10 милиони, а сега се искачи на 200 милиони. „Зум“ на 18 март стана најсимнуваната апликација во САД, пренесува Market Insider. Една недела порано, беше на 11-то место на листата, а две недели пред тоа на 87. Во последниот месец забележан е пораст на дневно преземање на апликацијата „Зум“  со 535 отсто, покажа анализата на „SameWeb“.

Цените на акциите на компанијата се зголемија за 72 проценти во истиот период, удвојувајќи се од почетокот на февруари до крајот на март.

За споредба, цената на акциите на „Зум“ во април 2019 година изнесуваше 65 долари, а „Зум“ денес тргува со акција од 159,65 долари, или за 145 проценти поголема. Притоа, треба да се има предвид дека од почетокот на оваа година цената на акциите на компанијата скокна за 130 проценти. Пазарната капитализација на компанијата изнесува 39 милијарди американски долари, што значи дека пазарната вредност на „Зум“ е 32 пати поголема од онаа која се очекува следната година, што е огромна разлика дури и кај брзорастечките акции, пишува The Street.

Скандали за приватност

На почетокот на пандемијата, откако бил принуден да ги затвори своите канцеларии во Кина кон крајот на јануари, поради мерки за изолација, Јуан сметал дека кризата ќе влијае лошо врз неговиот бизнис. Но, големиот наплив дошол откако Јапонија и Италија ги затворија училиштата кон крајот на февруари. „Зум“ ги отстрани временските ограничувања за бесплатниот дел од својот производ, така што образовните институции можеа да ја изведуваат наставата. Кога се бројот на корисници на „Зум“ надмина 100 милиони, почнал да сфаќа што значи кризата за неговата компанија, тврди Јуан за Блумберг. „Зум“ излезе како победник во коронакризата.

Но, поради неговата популарност, апликацијата е постојано цел на хакерски напади и е поврзана со сè повеќе приказни за кршење на приватноста. На пример, на 15 март беше откриено дека повеќе од половина милион лозинки на корисниците на „Зум“ се украдени и продадени на црната мрежа.

Последната недела од март беше обележана со низа штетни откритија. Consumer Reports на 24 март, детално објасни како политика за приватност на „Зум“ дозволува содржината од видео разговорот да се споделува со компаниите за следење на огласи. Публикацијата исто така ја критикуваше алатката за следење на учесниците што ќе предупредува дали учесниците во состанокот се префрлаат на друг прозорец на нивните компјутери повеќе од 30 секунди. Алатката им овозможи на работодавците да проверат дали работниците присуствуваат на состанокот или студентите дали ја следат наставата.

Проблемите со приватноста ги принудија некои земји да ги заострат контролите. Германското Министерство за надворешни работи ги предупреди своите вработени да избегнуваат да инсталираат „Зум“ на службените телефони. Во САД е поднесена заедничка тужба против „Зум“, а во судска постапка во федералниот суд во Калифорнија, „Зум“ е обвинет дека не „правилно ги заштитил личните информации на повеќе од милиони корисници“.

„Зум“ после критиките призна дека комуникацијата преку оваа апликација не била кодирана цело време. „Зум“ тврди дека тие ја засилиле безбедноста и интензивно работат на елиминирање на какви било проблеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот