Што велат стручњаците: Дали може вакцината против ковид-19 и против грип да се прими во исто време?

Вакцинација во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кога на почетокот на годината започна вакцинацијата против ковид-19, експертите советуваа барем две недели по вакцинирањето да не се примаат други вакцини, но новото истражување вели дека вакцината може да се даде и со други вакцини.

Бидејќи вакцината против ковид-19 е нова, Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) нема многу податоци за тоа што и како може да се случи. Но, бидејќи сезоната на грип е близу, веројатно се плашите да примите две вакцини истовремено, но и од самите болести. Еве што треба да знаете за истовременото примање две вакцини или за имунолошкиот одговор на нив:

Дали може да се примат две вакцини отприлика во исто време?

Според проф. Касандра Пјер, инфектолог и директорка на болницата за инфективни болести во Бостон, одговорот е да. Таа тврди дека не е опасно, па препорачува да се вакцинирате против овие болести, ако ја чекате втората доза од вакцината против ковид-19 или сѐ уште не сте се вакцинирале, а исто така и од причина да го спречите ширењето на болеста во вашата заедница.

Додека сѐ уште се навикнуваме да примаме две дози од една вакцина во краток интервал, повеќе вакцини во исто време и не е нешто ново. Д-р Џиџи Гронвал смета дека децата редовно примаат неколку вакцини во ист термин, така што запознавањето на организмот со повеќе вируси во еден момент нема да влијае на квалитетот на реакциите на имунолошкиот систем. Како што вели, нашиот имунолошки систем е способен да џвака гума за џвакање и да оди во исто време. Со други зборови, мали се шансите телото да се бори да создаде имунолошки одговор на грипот затоа што сте примиле и вакцина против ковид-19, или обратно.

Според пишувањето на ЦДЦ, имунитетот ќе реагира подеднакво на некоја вакцина и ако прими две различни во ист ден.

Во секој случај, веројатно нема да се чувствувате полошо ако примите две вакцини отколку што би чувствувале доколку сте примиле само една. Николас Барос, инфектолог, наведува дека би препорачал да се користат две различни раце, доколку е можно, со цел да се намали реакцијата на едната рака, доколку се појави. Сосема е нормално да се чувствувате малку изморени по вакцината, но ако примите две, тоа не значи дека ќе имате двојно посилни симптоми, а тоа може да се заклучи и од слични случаи во минатото.

Кога треба да се прими вакцината против ковид-19, а кога против грип?

Д-р Пјер смета дека вакцината против грип треба да се прими на почетокот на сезоната на болеста, а тоа е токму во овој месец. Други експерти велат дека вакцината против грип треба да се прими во октомври. Но, бидејќи сега е важно што е можно повеќе луѓе да примат вакцина против ковид-19, нема да биде проблем ако ги примите и двете вакцини во истиот ден.

„Сега е сосема во ред да примите вакцина против грип, а добро е и времето и за вакцината против ковид-19, ако сѐуште не сте ја примиле – рекол д-р Пјер.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот