Што уште треба да се случи за Спасовски да поднесе оставка, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски веднаш да поднесе оставка од позицијата министер за внатрешни работи бидејќи повеќе од месец дена не може да открие кој стои зад лажните дојави во средните и основни училишта“, пишува во соопштението што вечерва го издаде опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Еве го во целост соопштението од партијата:

„Состојбата со безбедноста на граѓаните е донесена под знак прашалник, криминалот царува низ државата, а Спасовски наместо да реагира, дополнително ги штити криминалците и соработува со нив. Спасовски подели над 200 македонски пасоши на белосветски мафијаши и нарко босови, има нерасчистени убиства низ улиците, вооружени лица упаѓаат во полициски станици, тепачки на секој чекор, скандали и неоткриени лажни бомби во училиштата најдобро го отсликуваат катастрофалното управување на Спасовски со МВР.

Спасовски целосно потфрли со безбедносните служби. Македонија стана држава во која убиствата, заканите, тепачките и инцидентите се секојдневие. Дополнително, дека Спасовски ги штити криминалци говори и медиумските написи кои објавуваат дека вооружени лица блиски до власта упаѓаат во полициска станица во Арачиново и им се закануваат на службени лица со убиства, само поради тоа што професионално си ја извршуваат службената должност и задача. Само во Македонија се случува криминалци со оружје да влегуваат во полициски станици и да бркаат полицајци, наместо да е обратно.

И закажаниот протест пред полициската станица Кочани поради суспензија на четворица полицајци кои професионално ја извршувале својата должност е доволен доказ дека со државата управуваат криминалци а Спасовски ништо не презема. Спасовски веднаш да си поднесе оставка бидејќи веќе нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да го раководи со МВР. Одговорноста на Спасовски е директно кај него, бидејќи тој и неговите соработници се во сериозна коалиција со криминалот, а граѓаните се чувствуваат несигурни. Што уште треба да се случи за Спасовски конечно да си поднесе оставка?
Состојбата е сериозна, промените се повеќе од потребни”, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот