Што треба да направи Милан за да го задржи Ибрахимовиќ?

фото: твитер

Дојде од САД во текот на зимскиот период и веднаш шведскиот фудбалски интернационалец придонесе со подобри игри на тимот од „Сан Сиро“.

Директорот на Милан, Паоло Малдини вели дека во договорот со Златан Ибрахимовиќ постои клаузула за автоматско продолжување на соработката на уште една сезона.

А таа клаузула ќе стапи во сила само доколку клубот од „Сан Сиро“ обезбеди настап во Лигата на шампионите за натпреварувачката сезона 2020/21. Сезонава има одиграно седум натпревари во Серија А, во кои постигна два гола и запиша една асистенција.

Моментно „росонерите“ не се наоѓаат на посакуваното место во генералниот пласман во Серија А, бидејќи заостануваат дури девет бодови зад четвртопласираната Аталанта, последна позиција која води во елитното европско клупско натпреварување.

Кога сме веќе кај натпреварите од Серија А, првично објавивме дека поради епидемијата на коронавирусот се одложени три меча, а најновите информации велат дека од истите причини нема да се игра и дуелот помеѓу Торино и Парма.

Ибрахимовиќ (38) дојде во Милан и веднаш придонесе со подобри игри на тимот. Но, славниот напаѓач потпиша договор на само шест месеци, иако според Малдини постои можност соработката да биде подолга.

– Ибра има договор на шест месеци со клуазула за автоматско продолжување на соработката доколку се пласираме во Лигата на шампионите. Доколку тоа не се случи, природно е дека ќе седнеме и преговараме со него – рече Малдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот