Што треба да направат жените веднаш по сексуалниот однос

Unsplash
Unsplash

Сексот е индивидуална и многу интимна работа. Иако сите имаме различни потреби, после тој интимен чин сите жени треба да направат една работа.

Сексот е чин при кој телото поминува низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, скоро секое тело реагира на многу сличен начин.

Една од овие реакции е потребата од мокрење после секс. Кај некои жени може да биде многу силно и непосредно, додека кај други жени се појавува по неколку минути. Ние во никој случај не треба да ја игнорираме оваа потреба.

Нашето тело е многу софистицирана машина чија улога е да нè заштити максимално од потенцијалните опасности што демнат во нашата околина.

Една од овие опасности лежи во бактериите. Имено, за време на сексуалниот однос, телото е изложено на бројни бактерии кои можат да се „кријат“ на места каде што воопшто не ги сакаме.

Д-р Невен Капун доктор специјалист по урологијата објаснува како воспалението на мочниот меур е директно поврзано со сексуалниот однос.

„За време на сексуалниот однос, бактериите се шират преку уретрата до мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт, а со мокрење по сексуалниот однос, телото се чисто, односно го исплакнуваме уринарниот тракт од бактерии“, истакнува Капун.

Затоа, ако почувствувате силна потреба да уринирате после секс, одложете го галењето неколку минути и слушајте го вашето тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот