Што точно се случило: Испитани триесетина луѓе за пожарот во Нотр Дам

Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Медиумите во Париз пренесуваат дека истражителите испитале триесетина луѓе во врска со пожарот во катедралата Нотр Дам.

Повеќето од луѓето кои биле предмет на испрашување биле работници кои биле вклучени во процесот на реконструкција на Нотр Дам. Според деталите од истрагата, по првиот аларм за пожар некои отишле да проверат на покривот, меѓутоа не успеале да забележат ништо невообичаено.

Кога алармот се исклучил по втор пат било предоцна за да се реагира.

Конструкцијата на катедралата е спасена, а се очекува да биде започната и обнова на изгорениот дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот