17.8 C
Скопје

Што содржи антикорупциската стратегија: Ќе се „душка“ по корупција во јавни набавки, урбанизам, земјоделство, здравство, спорт…

Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси и Акцискиот план за спроведување 2021 – 2025 година, опфаќаат 14 критични сектори, од кои четири за првпат – урбанизам и просторно планирање, животна средина, земјоделство и спорт. Приоритетни сектори се јавните набавки и вработувањето во јавниот сектор, додека најмногу мерки и активности се насочени во секторите здравство, образование и инспекциски служби. До крајот на 2021 година предвидено е да започнат 31 процент од вкупно планираните актовности во стратегијата, информираше на вчерашната прес-конфернеција Државната комисија за спречување корупција.

Ризични сектори, детектирани и опфатени во стратегијата што Собранието ја усвои на 18 април годинава, се и политичкиот систем, правосудството, трудот и социјалната политика, економијата и бизнисот, јавните претпријатија, медиумите и граѓанското општество.

– Сите дискутанти и од власта и од опозицијата се согласија дека расправаат за добро подготвен документ, во кој многу реално се детектирани ризичните фактори, области и сектори и на ДКСК и дадоа целосна поддршка за спроведување на Стратегијата – изјави Директорката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Откако Собранието ќе ги објави заклучоците, Ивановска посочи дека Комисијата ќе ги има предвид сите идеи и сугестии од пратениците во натамошното ревидирање на Стратегијата.

Од друга страна, Катица Николовска од ДКСК појасни дека до крајот на 2021 година предвидено е да започнат 93 приоритетни активности или 31 процент од вкупно планираните активности во Стратегијата.

– Предложени се 110 мерки и 184 активности за нивно реализирање во перидот од 2021 до 2025 година. Од нив 93 активности треба да започнат во 2021 година или 31 процент од вкупно планираните. 69 активности треба да започнат во 2022, десет активности се планирани во 2023 и три активности во 2024 година. Тие може да се пролонгираат, бидејќи сепак зависат од подготвеноста на институциите, кои треба да пристапат кон нивно реализирање – нагласи Николовска.

Најмногу мерки и активности се насочени во секторите органи за спроведување на закон – 13 мерки и 25 активности, сектор здравство со 18 мерки и 26 активности и сектор образование – 18 мерки и 28 активности.

Поврзани вести

Денес се празнува Ден на Светиот Дух – понеделникот по педесетница

Ирена Трајкова

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Остави Коментар