На што сè се спремни глумците за добра улога: Натали Портман ја избричила главата, на Николас Кејџ му биле извадени 4 здрави забa

V FOR VENDETTA, Jeremy Woodhead, Natalie Portman, 2006, (c) Warner Brothers/courtesy Everett Collection,Image: 98086750, License: Rights-managed, Restrictions: For usage credit please use; ©Warner Bros/Courtesy Everett Collection, Model Release: no, Credit line: Warner Bros Collection / Everett / Profimedia

Кои од овие услови никогаш не би ги прифатиле, па макар да станува збор за Оскар и милиони?
Мислите дека е лесно да се биде актер? Особено актер од А-листата, кој за една улога добива милион долари? Кога ќе ја прочитате оваа листа, можеби ќе откриете дека сте се лажеле.
Многу актери морале да поминат интензивен психички и физички тренинг и да пребродат разни препреки за да добијат улога. Тука не мислиме на голотија или романтични момeнти со личност која ни малку не ги привлекува. Во прашање е потполно менување на своето тело.

Ова се најневеројатни примери:

1.Кристијан Бејл морал да се здебели 22 килограми за улогата во филмот „Американска измама“. Тој исто така морал да изгуби 32 кг за улогата Тревор Резник во „Машинисти“. Неговата диета се состоела од јаболка, кафе и цигари.

2. Не, не е шминка во прашање. Натали Портман навистина ја избричила главата за филмот „V for Vendetta“. Исто така, седум месеци тренирала секој ден за да се подготви за улогата на балерина во „Black Swan“.

Profimedia

3.Тимоти Шаламе научи течно да говори италијански за да може на веродостоен начин да го претстави Ели, во филмот „Call Me by Your Name“. Не само неговиот текст. Цел јазик!

4. Данаи Гурира, која ја игра Мишон во серијата „The Walking Dead“ одела на интензивни тренинзи за да научи професионално да мечува.

5. Адриан Броди доби Оскар за најдобра машка улога во филмот „The Pianist“. А за да се подготви за улогата, два месеци живеел на минимум – оној минимум кој неговиот лик, Евреин кој се крие во сред Холокаустот, ја преживува Втората светска војна.

Profimedia

6. Уште еден оскаровец, Хоакин Финикс ослабе 26 кг за улогата на Џокер во истоимениот филм. Како што открива, оваа диета го излудилa, но потоа се навикнал.

7. Хали Бери играше проститутка и наркоманка во филмот „Jungle Fever“ во 1991 година, а за што повеќе да се поистовети со Вивијан, ликот што го толкуваше, не се туширала цели две недели.

Profimedia

8. Биографскиот филм „I, Tonya“ зборува за лизгачката Тоња Хардинг. Марго Роби секако научила уметничко лизгање за главната улога.

9. Роберт Петисон живеел во станот сосема сам, баш како што правел и неговиот лик во филмот „Good Times“. Не менувал дури ни чаршафи и цело време му биле спуштени завесите на прозорците.

10. Џејми Фокс посветено сакал што подобро да го претстави Реј Чарлс во филмот „Ray“, што носел вештачки трепки за да симулира слепило.

11. Роберт Де Ниро работел смена од 12 часа како таксист цел месец за да се подготви за работата во легендарното остварување „Taxi Driver“.

12. Шарлиз Терон за улогата на серискиот убиец Ајлин Вурбос во „Monster“, ги избричи веѓите, се здебели 15 килограми и ја скрати косата!

Profimedia

13. Баш како и нејзиниот вереник Хоакин Финикс, Руни Мара направи драстична промена заради улогата во „Girl with the Dragon Tattoo“ – ставипирс на веѓата, на носот, на усните, на ушите.

14. Шаја Ла Баф се пријавил во националната гарда за да стекне што повеќе знаење и искуства за ангажманот во филмот „Fury“.

15. Го имаме победникот! Николас Кејџ дозволил од устата да му извадат четири здрави заби за подобро да се подготви за филмот „Birdy”.

16. Хилари Свонк ги врзаградите и така го одигра ликот на Брендон во филмот „Boys Don’t Cry“.

17. Џејми Дорнан при излегување од метро турнал непозната жена. Ја следел и се криел што подолго можел. Баш како што неговиот лик, серискиот убиец Пол Спектор прави во серијата „The Fall“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот