Што сè страда поради расипаните заби

Иако многумина често го занемаруваат, здравјето на забите и устата може да се одрази на целото тело.

Устата е дел од телото во кое се наоѓаат многу бактерии. Тие бактерии преку крвта можат да се прошират до мозокот и да предизвикаат воспаление. Кај пациентите кои имаат вештачки срцеви залистоци, вештачки колкови или други вештачки делови во телото, бактериите од устата исто така можат да предизвикаат воспалителни процеси.

Кај луѓето кои немаат заби се јавува и проблем со квалитетот на исхраната бидејќи не можат да ја џвакаат храната, што доведува до компликации со целиот систем за варење. Поради воспаление на забите и поради продор на бактерии низ кожата можат да се појават фустули или кожни промени, па дури и опаѓање на косата во хронични воспалителни процеси, објаснил докторот Лука Лубина за 24сата.

Најчести причини за лош здив:
Лоша орална хигиена
Болести на белите дробови и на желудникот
Неупотребување на конец за заби
Пиење премногу кафе
Пушење
Консумирање кромид и лук
Консумирање масна храна
Пиење алкохол

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот