Што се случуваше во 2020 на економски план и што да очекуваме во 2021

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Дали ќе има значително опоравување на економски план во 2021 година? Останува да видиме.

Иако се чини дека економијата претрпе силни удари, според трендовите, речиси сето производство успешно ја има вратено загубата поради пандемијата. Но, поради паднатиот раст, економијата може да работи само со 98,7 проценти од својот вистински потенцијал, оставајќи простор за раст во 2021 година, што и не е така лоша перспектива. Сепак имаше многу падови и несигурни состојби на светско ниво, така што овој реален оптимизам е добар за промена. Она што носи бран надеж е вакцинацијата, која веќе е во дистрибуција и може да направи значителна разлика во годината што претстои.

Стручните лица предвидуваат дека пандемијата ќе спласне дури на крајот на летото. Животот полека ќе се враќа во нормала, а економското производство ќе има зголемување од 5%, со што се очекува да има поврат и на целосната работливост, како што беше пред коронавирусот.

Она што е интересно за 2020 година е дека штедните книшки на домаќинствата имаат двојно зголемување од 12,9%. Тоа се идни потенцијални суми, кои ќе можат да останат како капитал за потрошувачка, кога пандемијата ќе се повлече. Во голема мера штедните влогови зависат и од поволностите што ги нудат банките во овој период додека сме дома. Пример, во „Халкбанк“ АД Скопје, имате можност за онлајн депозит, со кој буквално преку кликање го почнувате вашето штедење.

Но, не само трендот на акумулација на пари е она што се случуваше. Исто така, е-банкарството доби интензивна активност и ги „поштеди“ клиентите од физичкото присуство во банките. Не само поради пандемијата, туку и самиот брз начин на живот ја зголеми потребата за уредување на сите трансакции по електронски пат. „Халкбанк“ АД има таканаречена „ваша мала филијала“, или сервис со сите потребни информации за електронско банкарство доколку сте нивен депонент.

Претпоставките за брзо закрепнување од економската криза единствено можат да ги ограничат нови бранови од пандемијата. Надежно, вакцините се клучни за да може да се застане на нозе. Она за што треба да бидеме свесни е дека ова е светска состојба и будно треба да се следат сите промени, во сите сектори. Важно е да се користат предностите на електронските трансакции, е- продавниците и користењето на сите поволности додека трае пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот