ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО РУСИЈА: Путин во тајност ја држел својата одлука, на министрите во последен час им било речено да поднесат оставка

Фото: dmitry astakhov / EPA

Русија сега мора да се припреми за национално гласање на предложените амандмани на Путин, што не е нужно референдум, туку јавно прикажување на поддршка.

Планот на рускиот претседател за големите промени во руската влада останал таен и со него до последен момент бил запознаен само внатрешниот круг на Владимир Путин, додека на министрите на состанокот изненадувачки им било соопштено дека сите ќе поднесат оставка на својата функција, пишува „Гардијан“.

– Тоа беше потполно шок за владата. Не знаеле што им се спрема ниту кога биле повикани на состанокот со претседателот и премиерот, вели политичкиот аналитичар Константин Газа.

Промената во владата и планираниот амандман на Уставот на Русија ќе му помогне на Путин да ја зацврсти својата власт во земјата, откако ќе му истече мандатот во 2024 година.

Именување на нов премиер ќе му помогне на Путин да управува со конфликтот помеѓу групите, вклучувајќи го и неговиот внатрешен круг, кои се борат за влијание.

– Во ваква набиена политичка околина со бившиот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, Путин ќе ги остави отворени опциите за иднината, вели политикологот Јекатерина Шулман.

Таа укажала дека Мишустин е лице чие именување не носи политичка порака. Балансирањето на овие интереси станало исклучително важно за Путин, кој се ближи на крајот на своето претседништво, а конфликтите околу него растат.

– Видовме во минатите години како конфликтите растеа помеѓу различни безбедносни служби и дури и внатре во ФСБ, истакнува аналитичар близок до владата на Евгениј Минченко, додавајќи дека балансот на моќ е „сложен“, со низа на интересни групи.

Меѓу влијателните фигури спаѓаат министерот за одбрана Сергеј Шојгу, претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин, шефот на безбедносниот совет Николај Патрушев, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, шефот на „Росњефт“ Игор Сечин и извршниот директор на компанијата Сергеј Чемезов.

Мишустин, кој бил на чело на руската даночна служба осум години, има репутација за лојален технократ, а набљудувачите се сомневаат дека тој ќе се позиционира како евентуален наследник.

– Мишустин нема политичко искуство, ниту популарност кај гласачите и не е дел од внатрешниот круг на Путин – истакнала Татјана Становаја, шеф на аналитичката фирма „Р.Политик“.

Според неа, голема е веројатноста дека Мишустин е само технократски службеник.

Меѓутоа, „Гардијан“ укажува дека мала е веројатноста тенденцијата на премиери да останат на функција подолго од очекувано. Михаил Фрадков, бивши функционер на даночните служби, го гледаа како аутсајдер кога Путин го именуваше на функција во 2004 година, а останал на канцеларија три години. Самиот Путин делуваше како малку веројатен избор, кога Борис Јејцин го именуваше за премиер во 1999 година.

Русија сега мора да се припреми за национално гласање на предложените амандмани на Путин, што не е нужно референдум, туку јавно прикажување на поддршка.

– Тоа ќе биде најголемо политичко шоу што Русија го видела – предвидува Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот