Што се случува со телото доколку испиеме чаша вода пред спиење?

Profimedia
Фото: Профимедиа

Водата всушност сочинува 55 отсто од просечното женско тело и околу 60 отсто од телото на возрасен маж, иако ова може лесно да се занемари бидејќи секогаш размислуваме и зборуваме за мускулите, коските, органите и мастите во нашето тело кои често се центарот на вниманието, велат во Клиниката во Кливленд.

Меѓутоа, што се случува ако испиеме чаша вода навечер пред спиење?

Предности:

Го подобрува расположението

Недостигот на вода во организмот не влијае само врз чувството на сувост во устата и во грлото, туку создава проблеми во целиот организам. А кога телото е дехидрирано, паѓа и расположението. Со оглед на тоа што навечер не пиеме вода, а доста се потиме (од половина литар до дури и два литра) тешко дека можеме да го надоместиме тоа со редовно внесување течности.

Доколку испиете една или две чаши вода пред спиење, нема да бидете дехидрирани и ќе се разбудите со подобро расположение.

Може да ја намали главоболката

Доколку навечер сте испиле алкохол, треба да испиете чаша вода пред спиење. Со оглед на тоа што алкохолот извлекува течност од организмот (заедно со магнезиум, калиум или натриум), се јавува мамурлак.

Па затоа, ако навечер пред спиење испиете чаша вода, нема да имате проблеми со главоболка.

Негативни страни:

Доколку навечер испиете чаша или две вода пред да си легнете, можете да го ослабите мочниот меур. Тогаш, на секој час ќе имате потреба за мокрење, а со самото тоа нема да бидете опуштени и ќе ви се наруши сонот.

Совет:

Обидете се еднаш да испиете чаша вода пред спиење и потоа набљудувајте ја реакцијата на вашето тело. Ако многу ве нервира ноќното одење на мокрење, тогаш немојте да пиете вода навечер.

Најважно е во текот на денот да пиете доволно вода (2-3 литри). Најдобар ефект на вашиот организам ќе има чашата вода наутро на празен желудник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот