Што се случува со Барселона, нема пари за да му ја исполни најголема желба на Куман

epa08664792 FC Barcelona's head coach Ronald Koeman (R) reacts during the pre-season friendly soccer match between FC Barcelona and Gimnastic de Tarragona at Johan Cruyff Stadium in Barcelona, Spain, 12 September 2020. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, по срамниот пораз од Баерн Минхен во ЛШ најави револуција, но оттогаш си замина единствено Иван Ракитиќ.

Од отпишаните, Луис Суарез е подготвен за „војна“ и не сака да си оди од Барселона, Артуро Видал се уште не го комплетирал трансферот во Интер, додека Самуел Умтити не го сака никој, а се чекаат понуди и за Тодибо и Семедо.

Денеска речиси сите европски медиуми објавија дека Барселона се договорила со Олимпик Лион за трансфер на Мемфис Депај, кој е најголема желба на новиот тренер Роналд Куман.

Ниту Лаутаро, ниту Вајналдум: Барса со големо засилување до крајот на неделава!

Но, претседателот на францускиот тим, Жан Мишел Ола, потврди дека приказната е поинаква, односно дека од Барселона му порачале дека сакаат да го купат Депај но немаат пари да испратат понуда.

– Бартомеу ме повика во неделата и ми потврди дека клубот сака да го ангажира Депај, но дека пандемијата на коронавирусот предизвикала голема криза и во овие моменти не се во можност да испратат било каква понуда – изјави Ола.

Медиумите денеска објавија дека трансферот треба да изнесува 25 милиони евра плус пет милиони евра во бонуси, но дури откако ќе ги заработи.

Токму таква информација објави и италијанскиот новинар Фабрицио Романо кој тврди дека Барселона прво треба да продаде фудбалери за да може да купува.

Најголемиот проблем за каталонскиот клуб во време на кризата се големите плати на фудбалерите, каталонците издвојуваат највеќе пари за плати на своите играчи во цела Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот