Што се случува штом се откажете од цигарите, придобивките се неверојатни од ден на ден и на долгорочен период

pixabay

Можеби не верувате, но некои од придобивките од откажување од цигари многу бргу ќе ги почувствувате, од ден на ден. 

Придобивките од откажувањето од пушењето цигари се навистина бројни: од намалување на ризикот за карцином и кардиоваскуларни заболувања до зголемување на менталната благосостојба, па до естетски придобивки поврзани со подобрување на здравјето на кожата. Откријте ги со нас сите придобивки – физички, естетски и психолошки – од откажување од пушењето, непосредно (од ден на ден) и долгорочно.

Кои се секојдневните, а кои долгорочни придобивки

Можеби не верувате, но некои од придобивките од откажување од цигари многу бргу ќе ги почувствувате, од ден на ден.

Како што наведува Светската здравствена организација, всушност, веќе по 20 минути од откажувањето на пушењето, чукањето на срцето се забавува и се намалува крвниот притисок. По 12 часа нивото на јаглерод моноксид во крвта се враќа во нормално ниво.

Од 2 до 12 недели по прекинувањето на пушењето, се забележува значително подобрување на циркулацијата, со последователно зголемување на функцијата на белите дробови. Од 1 до 9 месеци, исчезнува кашлицата и се подобрува „краткиот здив“, а тоа ќе го забележите качувајќи се по скали или при вежбање.

Една година откако ќе ги оставите цигарите, ризикот од појава на корорнарна срцева болест е преполовен во споредба со ризикот на пушач. Од 5 до 15 години по откажувањето, ризикот од мозочен удар е намален, што станува еднаков на оној на непушач.

После 10 години, ризикот од развој на рак на белите дробови е исто така преполовен во споредба со оној кај пушачите и шансите за појава на тумори на устата, грлото, хранопроводот, грлото на матката и панкреасот се значително намалени. Конечно, по 15 години, ризикот од корорнарна срцева болест, станува еднаков на оној на оние кои никогаш не пушеле.

Придобивки врз основа на возраста

Вистинско време да се откажете од пушење е секогаш – сега! Колку побрзо се откажете, тоа подобро.

Ако се откажете од цигарите на 30 години, животниот век може да ви се продолжи за 10 години. Ако се откажете на 40 години, ќе си го продолжите животот за околу 9 години. Ако тоа го направите на 50 години, може да „заработите“ уште 6 години живот, и 3 години ако се откажете на 60-годишна возраст.

Освен тоа, ако веќе имате некое заболување, со прекинувањето на пушењето имате поголеми шанси да бидете излечени: оние што имале срцев удар и престанат да пушат, ги намалуваат шансите за нов удар за 50 отсто.

Придобивки од откажувањето од пушење ако сте мајка или сакате да бидете

„Фрлањето“ на цигарите не само што носи придобивки за вас, туку и за оние околу вас, а особено – ако сте мајка – за вашите деца. Пасивното пушење може да ги изложи на ризик децата од развој на респираторни заболувања.

Децата на родители кои пушат е двојно поверојатно да станат пушачи отколку децата на родители непушачи. Тие исто така можат да развијат респираторни проблеми, од астма до хронична кашлица.

Не заборавајте дека пушењето може да предизвика сериозни тешкотии во бременоста, предвремено породување, раѓање на бебе со мала тежина. А може да биде и причина за женска неплодност (како и импотенција кај мажите).

Естетски придобивки

И естетските придобивки се големи, особено во однос на кожата. Штетните ефекти од пушењето врз кожата се познати на сите. Пушењето ја дехидрира кожата и го расипува тенот. Токсините предизвикуваат вазоконстрикција на капиларите на кожата, со што се потенцираат ефектите на јаглерод моноксид врз кожата. Кожата станува полесно раздразлива, нивото на ретинол се намалува, се зголемуваат слободните радикали (прва причина за предвремено стареење на кожата), и порано се појавуваат бори.

Меѓутоа, имаме добри вести: ако веднаш се откажете од пушење, забрзаното стареење на кожата веднаш ќе престане! Всушност, една од придобивките од „фрлањето“ на цигарите е забавување на процесот на стареење. Вашата кожа за само една години ќе добие сјај и еластичност.

Психолошки придобивки од оставањето на цигарите

Најпосле, тука се и психолошките придобивки од оставањето на цигарите. Со откажувањето всушност, го подобрува не само здравјето на организмот, туку и на умот! Науката покажува дека откажувањето од пушењето го намалува стресот, депресијата и вознемиреноста, делувајќи поволно на општото расположение.

Пушачите живеат во состојба на постојана осцилација помеѓу апстиненција и задоволството, а овој нездрав механизам е предизвикан од никотинот кој делува директно на невронските рецептори. Ако престанете да пушите, после 3 недели вашиот мозок ќе може да ги нормализира своите невролошки функции, враќајќи го балансот во вашиот психички живот.

Пушењето, заради неговата токсичнот, исто така, доведува до губење на концентрација и распон на внимание. Ако се откажете од пушење ќе откриете дека вашата меморија и организациски и менаџерски способности значително се подобруваат. Накусо, само треба да ги фрлите цигарите што е можно поскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот