Што се случува: Меси, Суарез, Пике…немоќни и со Гранада! (ВИДЕО)

twitter.com/StarSports_Bet

Вечерва во рамките од петтото коло во шпанската „Ла Лига“, Гранада ја шокираше Барселона со резултат 2:0 и верувале или не, фудбалерите на Диего Мартинез се наоѓаат на лидерската позиција која ја дели со Севиља и Атлетико Мадрид по 10 освоени бодови.

За Гранада ова е веќе трета победа по ред, уште во втората минута во мрежата на тер Штеген стрелаше нигерискиот интернационалец Азиз. Конечниот епилог го постави Вадиљо од пенал во 66 минута.

Во каталонскиот состав полн со ѕвезди (Суарез, де Јонг, Гризман, Ракитиќ, тер Штеген), не помага ниту враќањето на Лионел Меси после повредата, а и новата сензација на „Камп Ноу“, Ансумане Фати (16) не можеше ништо против расположените домаќини.

Во наредното коло седморангираната во генералниот пласман Барса ја очекува уште еден голем предизвик, гостувањето кај Виљареал кој пак има две победи по ред и моментно е на четвртото место.

Во претходните средби од саботната програма, Виљареал славеше над Ваљадолид (2:0), Леванте на Енис Барди само ремизираше без голови со Еибар, а истиот резултат беше и на пресметката Атлетико Мадрид-Селта Виго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот