Што се случува, кошаркар на Баерн Минхен имал мозочен удар

epa08009595 Paul Zipser of Munich in action during the Euroleague basketball match between Bayern Munich and Olympiacos Piraeus in Munich, Germany, 19 November 2019. EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Светот се уште е во шок од вчерашните сцени од „Паркен“ стадионот кога Кристијан Ериксен колабираше и лекарите се бореа за неговиот живот, а сега се појави нова шокантна вест, овој пат поврзана со кошаркарот на Баерн Минхен, Паул Ципсер.

Од Баерн ја потврдија информацијата која претходно се појави во медиумите дека Ципсер имал поблаг мозожен удар и дека поради тоа имал итна хируршка интервенција пред неколку дена.
– Паул се опорарува и тоа е се што можеме да кажеме за неговата здравствена состојба. Исто така ги молиме јавноста и навивачите да ја почитуваат приватноста на кошаркарот и на неговото семејство – изјави Андреас Буркет, портпаролот на Баерн.
Баерн Минхен во финалето на плеј-офот во германскиот шампионат губи со 2:1 во победи од Алба Берлин, но за нив поважно е здравјето на Ципсер отколку титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот