ШТО СЕ СЛУЧУВА? Албанското и српското знаме заедно среде Белград (ФОТО)

Фејсбук

И покрај вековните „жешки“ прашања меѓу Србија и Албанија, фотографија која со голема брзина се шири на социјалните мрежи пренесува сосема друга порака.

На неа се гледаат албанското и српското знаме, на две крпи за на плажа ставени на лежалки на базен во Белград. Фотографијата ја објави новинарот Идро Сефери, а беше пофалена и од Албанците и од Србите, пренесува Балканвеб.

Во многу од коментарите, граѓаните на двете држави велат дека ова е многу убава слика и дека двете држави повеќе ги дели политиката.

„Базен во Белград … жешко е за секого“, пишува новинарот.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот