Што се пие во кралското семејство за Божиќ? Принцот Чарлс ликер од цреши и мартини, а кралицата Елизабета само коктелот„Заза“!

Instagram
Instagram
Секој член на кралското семејство има омилен алкохолен пијалак што е дел од нивната трпеза, особено за време на празничната сезона. Кејт е позната по својата љубов кон пиењето виски, а принцот Филип е страствен љубител на пивото. Божиќ во британското кралско семејство е навистина различен поради различните правила, но го прави и посебен со понудата на пијалаци што е задолжително во тоа време на имотот. Имено, секој член на семејството има омилен пијалак што го консумира за време на празниците, сите сакаат алкохол.
Instagram
Instagram
Принцот Чарлс (70) претпочита ликер од цреши, но тој нема да одбие ниту  чаша мартини направено од џин и пелин. Неговите синови, принцовите Вилијам (36) и Хари (34) уживаат да пијат пиво и ликер од јаболка. Сопруг на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип е страствен љубител на пиво, па дури има и еден омилен бренд пиво, а тоа е – Бодингтон. Камила  пие џин и тоник за време на божиќната прослава, а војвотката Кејт Мидлтон  ужива во црвено вино како вистинска дама, но сака да пие и виски Џек Даниелс.
Profimedia
Profimedia
Кралицата Елизабета Втора не пие ништо освен коктелот наречен „Заза“. Тоа е мешавина од слатко, француско црвено вино и џин. Друго правило на ова семејство е да играат „шарада“ до полноќ. Никој не смее да се предаде и да заспие додека кралицата Елизабета Втора не каже дека е доволно играње. Колку и да е уморен некој од нив, тие мораат да издржат сè додека кралицата не ги испрати да спијат.
Profimedia
Profimedia
Нивниот божиќен ручек започнува точно петнаесет минути по 13 часот, а тие прво јадат салата со ракчиња или јастог. Следува пржена мисирка со традиционални додатоци како пастрмка, моркови, бриселско зелје, проследено со јадење божиќен пудинг. Тие дури имаат одреден прибор за јадење во сина и бела боја што мораат да ги користат за празничниот ручек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот