Што сè може да ја оштети вашата коса, а не сте свесни за тоа

Косата ја уништуваме секојдневно на различни начини, а за тоа воопшто не сме свесни. Време е на тоа да ставите крај.

Како незабележливо ја уништуваме косата? Тоа го правиме секојдневно без да посветиме внимание.

Еве како:

Користење на стар прибор

Треба редовно да се чистат четките за коса, да се отстрануваат насобраните влакна кои се совршен дом на многу бактерии, а кои сигурно не сакате да ги ставите во вашата коса.

Отстранете ги влакната од четката после секое четкање, советува Елизабет Канан Филипс, познат дерматолог. Еднаш месечно чистете ги четките со сода бикарбона и вода и оставете ги неколку минути убаво да се натопат. Потоа, темечно измијте ги.

Употреба на гумички за коса

Гумичката за коса треба да биде обложена со ткаенина која ќе спречи да се кршат влакната на косата. Ако сакате да ја тргнете косата од лицето подобро е да употребите шноли. Цврсто врзаната коса во опавче лесно се оштетува, особено ако тоа го правите со ластиче.

Употреба на производи со хемикалии

Вештачките производи се полни со хемикалии. Избегнувајте пречесто боење на косата и кератинска терапија. Намалете ја употребата на производите кои содржат хемикалии на минимум, а наместо нив користете производи кои се на природна база. Природните маски за коса се делотворни и многу поздрави од оние кои се достапни во продажба.

Избегнувајте жешко фенирање

Премногу врелиот воздух ја отстранува природна влага на косата. Како да знаете дека воздухот е премногу топол? Вперете го фенот кон дланката и ако на кожата ѝ е пријатен тој воздух, ќе биде пријатен и за вашата коса. Помалку топлина секогаш е подобар избор, па обидете се да ја стилизирате вашата коса дури откако ќе ја исушите.

Чешлање од корен па надолу

Расчешлувањето на запетланите делови на косата од врвот надолу може да предизвика оштетување на влакното. За да го изведете тоа на нежен начин, поделете ја косата на еднакви делови од пет сантиметри, па измазнете ги од врвовите на косата кон коренот. За ова да го направите, фатете дел од косата на неколку сантиметри од врвчињата, па исчешлајте ја косата од делот каде што ви се наоѓа раката. Поместете ја раката за два сантиметра погоре, и повторувајте го процесот додека да дојдете до самиот корен. На овој начин ќе го избегнете оштетувањето на косата.

Бидете нежни со мократа коса

После туширање, кога косата е мокра, тогаш е најчуствителна и подложна на кршење на врвовите. Оставете малку да се исуши, и од мокра да стане влажна. Влажната коса секогаш чешлајте ја со чешел што има разредени запци. Истото важи и за сушењето со крпа, кое може да доведе до кршење на косата доколку триете групо.

Ставате премногу производи

Производите за нега на коса можат да направат спротивен ефект од тоа за што се наменети, ако премногу и пречесто ги употребувате. На секоја жена ѝ треба нега и заштита на косата, сув шампон за мрсна коса, како и серум за „дива“ коса. Ако сакате да употребувате дополнителни производи, но не сте сигурни за количината, прво нанесете од производот на влажни раце за да ја намалите количината, истријте ги дланките, па потоа нанесете на косата.

Употребувајте ист шампон

Многу жени мислат дека добро е да ги менуваат шампоните. Но тоа не е вистина. Според дермаологот Филипс, променете го шампонот само доколку се сменат околностите, на пример, ако ја промените бојата на косата или ако додадете прамени. Многу жени губат дел од косата во текот на бременоста. Кога ова ќе се случи, обидете се да го смените шампонот и регенераторот и земете производи наменети за тенка коса или кои се наменети за нега на коса во текот на бременоста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот