Што се крие зад стравувањата од војна меѓу Русија и Украина?

Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Претставници на американското разузнавање и високи украински воени функционери тврдат дека околу 92.000 руски војници се стационирани во северна и источна Украина – во близина на руската граница нејзиниот сојузник Белорусија – и на Крим, полуостров јужно од континентална Украина.

Во услови на зајакнување на Русија, Си-Ен-Ен оваа недела цитираше извори од администрацијата на Џо Бајден дека американскиот претседател размислува да испрати воени советници и нова опрема, вклучително и оружје, во Украина.

Претходно овој месец, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Вашингтон има „реална загриженост“ за потезите на руската војска и евентуалната нова офанзива, за која предупреди дека ќе биде „сериозна грешка“.

Руска војска фото архива на Слободен печат

Иако Москва засега ги отфрла обвинувањата за потенцијална руска инвазија како „неосновани“, коментарите на голем број официјални претставници и аналитичари блиски до Кремљ испратија поинаква и пострашна порака: дека Русија може да преземе акција доколку Вашингтон и Западот продолжат да ја игнорираат руската загриженост за состојбата во Донбас и растечките и наметливи акции на Украина и, пошироко, врските на НАТО со Киев и западните воени активности во Источна Европа, Црното Море и на други места.

Кога Русија започна офанзиви во минатото, како на пример во Крим и Донбас во 2014 година и во Грузија во 2008 година, таа тврдеше дека била испровоцирана. И во последниве недели, Москва постојано ги обвинуваше Киев и Соединетите Држави и нивните сојузници за провокација , пред се на на долго планираните воени вежби на НАТО во Источна Европа и рутински поморски мисии во Црното Море.

Во меѓувреме, зголемената загриженост за намерите на Русија кон Украина не произлегува само од движењата на воените единици. Во изминатите шест месеци, Путин и неколку други високи функционери објавија контраверзни тврдења за Украина, доведувајќи го во прашање нејзиното право да постои како независна држава и отфрлајќи го нејзиното демократски избрано политичко раководство како „неуко и недоверливо“.

Секретарот на Советот за безбедност на Кремљ, близок соработник на Путин, Николај Патрушев, неодамна изјави дека Украина се соочува со „авганистанско сценарио“, наведувајќи ја нестабилноста предизвикана од увозот на оружје од Запад и наводната опасност од ексалација на незадоволство одвнатре .

И руската надворешна разузнавачка служба ги осуди, како што рече, американските „провокации“ потсетуваќи дека „слична ситуација имало и во Грузија пред настаните во 2008 година“. – кога руските сили навлегоа длабоко во земјата, а потоа го поддржаа прогласувањето независност на двата отцепени региони,Абхазија и Јужна Осетија оставајќи голем број свои војници во новоиззграедните руски воени бази.

Сите овие сигнали на Русија кон западот можат да се протолкуваат како подготвеност за потенцијална нова воена акција, велат аналитичарите.

Зошто сега?

Руското раководство може да верува дека би можело да ја искористи нестабилната клима во регионот, каде што активностите на Москва придонесоа за неодамнешните тензии. Некои аналитичари тврдат дека ова би можело да ѝ олесни на Русија да удри во Украина без да наиде на вид на единствен одговор што би можел да го има во помирни времиња.

Полска се бори со приливот на мигранти, главно од Блискиот Исток, кои беа привлечени во соседна Белорусија со ветувањата за лесен влез во Европската унија. Дури и додека беше вклучена во сопствениот конфликт со ЕУ за независноста на судството, Варшава ја опиша мигрантската криза како операција за дестабилизирање на Европа, смислена од белорускиот лидер Александар Лукашенко со благослов на Путин, што и Минск и Москва го негираат.

Руска војска на Артикот Фото: Профимедиа

Кои би биле целите на Русија?

Кога Русија ги поттикна немирите во Донбас и ги поддржа силите кои држат делови од украинските региони Доњецк и Луганск од избувнувањето на конфликтот таму во 2014 година, многумина сметаа дека тоа е обид да се искористи контролата на релативно мал дел од Украина за да се изврши моќно влијание врз владата и странските земји, вклучително и обезбедување дека тие никогаш нема да влезат во НАТО.
Сеапк Путин стравува дека при евентуалната воена интервенција и „освојувањето на Донбас Москва би го загубила влијанието врз цела Улраина што би било пораз за Кремљ“.
Токму сегашното зголемување на силите сугерира дека Москва сега верува дека доаѓа пораз“, сметаат дел од аналитичарите, кои предурпедуваат дека
„Русија би можела да биде подготвена да нападне многу подлабоко во украинска територија бидејќи има воени капацитети да го стори тоа.

Иако многу аналитичари велат дека нападот со цел да ја окупира цела Украина е многу малку веројатен, некои веруваат дека Русија би можела да се обиде да окупира територии во источна, па дури и централна Украина, веројатно контролирајќи дел од јужниот дел на руската граница и Донбас до Крим.

Други веруваат дека е поверојатно Москва да се ограничи на ескалацијата на војната што тлее во Донбас, во која повеќе од 13.000 луѓе беа убиени од 2014 година, во обид да изнуди отстапки од Киев без да изврши отворена инвазија што може да доведе до до сериозно крвопролевање и меѓународна осуда.

Што може да изгуби Русија?

Доколку Русија отворено покрене нова инвазија на Украина, ќе следи силна реакција од Западот. Во најмала рака, велат аналитичарите, Москва би можела да очекува нова серија санкции и речиси сигурен колапс на Северен тек 2, на кој Русија потроши големи ресурси и јасно го гледа како клучен економски и геополитички проект.

Ако Русија ги нападне украинските градови со копнени трупи, очајната борба на украинските сили – сега многу поискусни и подобро опремени отколку што беа пред седум години – може да доведе до тоа стотици или дури илјадници руски војници да загинат .
„Меѓутоа, доколку е потребно, Русите секако би можеле да изградат командна сила околу Украина и ако Путин е подготвен храбро да се спротивстави на меѓународните санкции и да го осуди домашниот гнев што би го предизвикала таквата крвава војна, тогаш може да ја започне инвазијата . сметаат аналитичарите

Рускиот претседател Владимир Путин на одмор во Сибир/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/ SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Дали Путин блефира?

Тоа се уште не е јасно. Но, погледот на минатите дејствија на Русија може потенцијално да помогне да се анализира денешната ситуација и да се предвиди што би можело да се случи оваа зима.

Откако Москва го окупираше Крим и од почетокот на војната во Донбас, западните аналитичари и разузнавачите постојано предупредуваа за потенцијално неизбежен нов руски напад. Таквата офанзива не се реализираше во услови на трупање војска минатата пролет, и на крајот изгледаше помалку како вовед во поширока војна отколку демонстрација на сила пред преговорите со администрацијата на Бајден и вежбите на НАТО во Европа.

Ова може да сугерира дека сегашното засилување, кое во голема мера ги опфаќа силите оставени во пограничните области од претходните потези во пролетта, е дел од политиката на Москва за одржување на притисокот врз Западот – како што сугерираше Путин во неодамнешните коментари – и да застане зад неговиот тврди ставови дека е длабоко загрижен за движењето на НАТО во близина на нејзините граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот