Што се крие зад отстранувањето на Фејсбук профилот на Дејвид Ајк, авторот на теориите на заговор

Фашизам на исплашената елита или слобода на говор на независните активисти? Поддржувачите на Ајк тврдат дека социјалните мрежи го прекршиле правото на слобода на говорот, додека неговите противници истакнуваат дека тој изнел многу лажни обвинувања поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Среде пандемија на корнавирусот, од која ширум светот заболеа повеќе од 3,5 милиони луѓе и починаа повеќе од 248.000 лица, најголемите социјални мрежи започнаа војна против ширењето на теории на заговор.

„Фејсбук“ пред два дена ја избриша официјалната страница на Дејвид Ајк (68), британски автор и веројатно најпознатиот светски теоретичар на заговори.

Причината е „објавување лажни здравствени информации што можат да предизвикаат физичко оштетување на луѓето“. Ајк постојано објавува лажни информации во врска со коронавирусот и посочи дека мобилната мрежа 5Г е поврзана со неговото ширење.

„Фејсбук“ и „Јутуб“ ги избришаа неговите профили во рок од 24 часа и покрај тоа што Ајк има лојални стотици илјади следбеници.

Во едно видео, Ајк посочи дека „еврејска група“ стои зад вирусот. До моментот кога страницата била избришана, Ајк имал 770.000 следбеници и околу 70.000 останале на резервниот профил, прене Би-би-си.

Фејсбук исто така објави официјално соопштение во врска со овој чин.

-Ја отстранивме оваа страница поради повторено кршење на нашите правила за ширење на штетни дезинформации- стои во официјалното соопштение од Фејсбук.

Ајк, го твита и обвини Фејсбук.

„Фашистичкиот Фејсбук го избриша Дејвид Ајк – елитата е преплашена“.

Твитер профилот на Ајк остана активен и покрај најавите на социјалната мрежа дека ќе избрише и санкционира какво било ширење на дезинформации за коронавирусот.

Поддржувачите на АјкИк тврдат дека социјалните мрежи го нарушиле правото на слобода на  говор, додека неговите противници истакнуваат дека тој изнел многу лажни обвинувања поврзани со коронавирусот, како што се тврдења дека нејзиното ширење им помага на Евреите и дека мобилната мрежа 5Г помага во ширење на вирусот.

Центарот за мониторинг на говорот на омраза објави отворено писмо до Амазон, Фејсбук, Твитер и ЈуТјуб, во кое се вели дека „Ајк со своите расистички лаги за коронавирусот измамил милиони луѓе и го загрозил нивното здравје“.

Писмото го потпишале бројни медицински експерти.

Социјалните мрежи започнаа да ги отстрануваат снимките од контроверзните интервјуа на Дејвид Ајк кон средината на април. Во едно од нив, тој ги коментираше извештаите за уништување на репетиторите на 5Г мрежата во Англија и Северна Ирска, а кои наводно се поврзани со коронавирусот.

-Ако продолжи проширувањето на 5Г мрежата, човечкиот живот каков што е денес ќе исчезне, поради што луѓето мора да реагираат- рече Ајк.

Маријана Спринг, експерт за дезинформации и социјални медиуми открива зошто е замолчен Дејвид Ајк.

– Полесно е да се реагира поради ширење на шпекулации и медицински митови кои можат да му наштетат на здравјето на луѓето. Теориите на заговор, од друга страна, се сива област каде компаниите, доколку реагираат, ризикуваат да бидат обвинети за цензура. Владите и социјалните мрежи треба да балансираат помеѓу стопирање на ширење на штетни информации и слободата на говорот- вели Спринг.

Сите теории на заговор за коронавирусот: Биолошка војна, 5Г мрежа или чипирање на луѓето?

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот