Што „се крие“ во бележниците на Леонардо да Винчи?

Фото: Профимедиа

Леонардо да Винчи повеќето луѓе го гледаат како уметник кој ги насликал некои од најпознатите ремек-дела во светот – како што се енигматичните „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“. Но, реално гледано овие дела се можеби најмалку вредни во споредба со другите придонеси што тој ги дал во светот. Како вистински ренесансен човек, тој се истакна во многу области од архитектура до наука, математика до инженерство.

Фото: Профимедиа

Неговите тетратки биле полни со бројни набљудувања, шпекулации и хипотези, од кои повеќето ќе бидат испитани и потврдени од независни истражувачи во следните векови. Тој скицирал мотори и машини, кои во модерното време ќе послужат како инспирација и ќе ги постават темелите на технолошкиот напредок.

Фото: Профимедиа

Ѕирнете во некои од неговите тетратки, кои прикажуваат напредни увиди, набљудувања и откритија, докажувајќи дека тој бил човек пред своето време.

Математичар

Леонардо често се обидувал да најде врски и обрасци кои ги изразувал преку математички пресметки. Посебно бил фасциниран од пропорциите на човечкото тело, за што најдобро сведочи „Витрувиецот“, кој прикажува машка фигура во две позиции со раширени раце и нозе во круг и квадрат.

Фото: Профимедиа

Леонардо на цртежот напишал дека секој дел од телото е математички пропорционален со другите:

„Четири прсти се еднакви на една дланка; четири дланки се еднакви на една нога; … 24 дланки се еднакви на еден човек“.

Во редовите може да се најде и едно од неговите верувања дека функционирањето на човечкото тело е аналогно на функционирањето на универзумот:

„Човекот е модел на светот“, запишал Леонардо во неговите бележници.

Фото: Профимедиа

Го интересираше и Златната средина, т.е. математички однос дефиниран со односот 1 спрема 1,618. Во неговата недовршена скица „Свети Јероним“, фигурата на подвижникот е врамена со прецизно поставен златен правоаголник, а експертите сугерираат дека математичкиот модел често се гледа и во портрети на млади жени, вклучувајќи ја и „Мона Лиза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот