Што сакаш на унапредиш во играта? СЕ!
Новак Ѓоковиќ без многу мака за само 83. минути игра го победи Ричардас Беранкис од Литванија во второто коло на Ролан Гарос.
По завршувањето на дуелот, првиот носител беше гостин во емисијата кај поранешната тенисерка Барабара Шет.
– Ова беше брз меч кој добро го започнав. Првите два сета беа завршени за помалку од еден час, а потоа Беранкис побара медицински тајм аут. Очигледно е дека не се чувстуваше добро, а тоа се виде и по неговите движења. Сепак, јас си ја одработив својата задача и се пласирав во третото коло – изјави Ѓоковиќ.
Поранешната тенисерка потоа му постави интересно прашање на српскиот тенисер, „што сакаш да унапредиш од својата игра?“ по што доби интересен одговор.
– Сакам да унапредам се, сакам да го задржам интензитетот и тоа на почетокот од мечот. Важно ми е од првиот поен да се покаже фокусот, да има висок интензитет – одговори Ѓоковиќ.