Што сака таа во спалната соба?

Фото: Профимедиа

Овие совети се неопходни дури и кај најголемите заводници. Секогаш се почнува со разговор, а се завршива со допири на вистинското место.

Прашајте ја што сака

Луѓето се премногу ранливи кога се во средината на интимните односи. Па затоа одвојте време следниот ден да прашате дали уживала и во што. Разговарајте заедно за тоа што сакате да пробате следниот пат. Многу е важно да ја прашате вашата партнерка дали е задоволна од сексот што го имате .

Добра предиграта во три фази

Се подразбира дека добрите навики за лична хигиена кај мажот се важни за жената. Ако се води сметка за тоа, следната фаза од предиграта е целосно во умот: Повеќето жени кои не се чувствуваат емотивно поврзани со партнерот нема да бидат заинтересирани за секс. Жените се поврзуваат со својот партнер преку врска која вклучува разговор и правење работи заедно. Третиот дел е бакнување и допирање (сè уште не ги допирате нејзините гради или гениталии) на делови од телото.

Бидете креативни: Не се сите жени исти

Од врвовите на прстите до ушите различни комбинации, задоволството не е исто секој пат или за секоја жена. Не размислувајте во насока: „Ова го сакаат жените“, туку „Ова го сака оваа конкретна жена“

Погрижете се да го запознаете нејзиното тело

Жените доаѓаат опремени со вагина и клиторис, и иако тие се со различни форми и големини, сите тие реагираат речиси на ист начин. Како што жените премногу добро знаат, а повеќето мажи не – клиторисот е исклучително чувствителен, но вагината, не толку многу. Стимулирајте го нејзиниот клиторис или поттикнете ја да го прави тоа со сопствените прсти или со секс играчка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот