Што преживуваат кутрите животни на Санторини: Ги тепаат и ги тераат да носат претешки туристи (ФОТО+ВИДЕО)

Последниве години дошло до зголемување на бројот на магарињата кои страдаат од повреди на рбетниот столб, имаат рани поради неправилните седла и боледуваат од исцрпеност.

hiveminer.com

На снимката се гледа како сопствениците ги тепаат и ги тераат да ги носат понекогаш и претешките туристи по повеќе од 500 скалила на Санторини.

hiveminer.com

Видеото што го објавила активистичката група ПЕТА покажува дека магарињата и мазгите се користат како такси за превоз на туристите до сликовитите камени калдрми. На снимката која ПЕТА ја објави минатата година, но повторно стана вирална, се гледа како преку отворените рани на измачените животни кои настанале поради лошите седла и бидејќи сопствениците постојано ги удираат со стапови и силно ги влечат за уздите, лазат муви. Од ПЕТА нагласуваат дека дури не им даваат „да пијат вода и да се одмораат“.

hiveminer.com

Во април е започната кампања која ги повикува туристите да престанат да ги јаваат магарињата. „Магарињата страдаат поради туристите. Ве молиме, не ги јавајте.“, апелираат од ПЕТА.

hiveminer.com

Положбата на магарињата кои „маршираат“ и по температури повисоки од 30 степени, означена е како „Груба мала тајна на Санторини“.

Како одговор, грчката влада вовела законска регулатива со која е забрането да се оптоваруваат животните со „товар кој надминува 100 кг или една петина од нивната телесна тежина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот