Што претставува „плус, плус“ планот на Ахтисари?

Што би можел да биде „плус, плус“ планот на Ахтисари, понудата каква што Србија, според српскиот претседателот Александар Вучиќ, би можела да добие? Тоа во овој момент не е познато, освен тоа што овој нов „плус“ би можел да претставува гаранција – за Србите во Косово и Метохија дека сите нивни права ќе бидат почитувани, а за Србија гаранција за членство во ЕУ.

Планот на Ахтисари, кој финскиот дипломат го претставил во 2007 година, по неуспешните преговори на двете страни, предвидувал надгледувана независност на Косово.

Приштина го прифатила тој план како основа на својот устав, прогласи независност, но не ги почитува деловите кои се однесуваат на правата на српското малцинство.

Според планот северот би добил статус на автономен регион, ентитет во рамки на независната држава Косово во сегашните „граници“.

Приходите од данокот и царината од северот би иделе во општините во северно Косово.

Црквите и манастирите би имале екстериторијален статус, а би ги штитела посебна единица на косовската полиција, како културно и историско наследство.

Но, со планот би имало и гаранции дека ќе биде почитуван посебен статус за Србите и гаранција на членство на Србија во ЕУ, ако ја прифатат понудата.

Финскиот дипломат и специјален пратеник на ОН, Марти Ахтисари го изнел планот во 2007 година, а Приштина, повикувајќи се на него прогласи независност во февруари 2008 година.

Според планот на Ахтисари, Косово би требало да биде мултиетничко, демократско друштво, каде сите лица се еднакви пред законот и имаат права без никаква дискриминација, на еднаква заштита пред законот.

Денеско тоа секако не е така, но се чини дека ниту еден анекс од тој план, кој се однесува на правата на српската заедница на Косово не е ниту размислен, а ниту имплементиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот