Што прави денеска – Драган Спасов – Дац, актер и музичар

Ниту еден ден во мојот живот не е ниту монотон, ниту здодевен, ниту ист. Веројатно и мојата професија е заслужна за тоа или, пак, мојата втора љубов, музиката.

Денот ми започнува со прелистување на интернет уште додека сум во кревет. Потоа следи и задолжителниот појадок, никаде не одам без појадок. Кога пушев, не палев цигара без појадок.

По појадокот, стапувам во контакт со Александар Митевски за некои тековни работи што се подготвуваат. Во моментов, се подготвува наша авторска песна и спот, која треба да излезе во првата половина на ноември. Секако дека тука има многу работа и организација околу тоа.

Поминувам и до мојот Драмски театар, каде што се подготвуваат две нови претстави.

Попладнето е посветено на семејството и на нашиот убавец Танго, кој е мажјак од расата бигл.

Во секој случај, исполнет сум со она што го сакам, и убаво ми е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот