Што прават 9.000 МЕРЦЕДЕСИ во германска воена база ? (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Деновиве најинтригантното прашање помеѓу новинарите во Германија кои ја следат автоиндустријата е: зошто 9.000 нови автомобили од марката Мерцедес стојат паркирани на 2,5 километри долгата авионска писта Ахлхорн на воениот аеродром во Гросенкнетен во германската Долна Саксонија?

Како што јавува радио Бремен, станува збор за 9.000 автомобили со вкупна вредност од скоро милијарда евра кои Мерцедес биле присилени да ги тргне настрана привремено. Причината зошто, не е потполно јасна, но новинарите од радио Бремен откриле дека се збори за возила произведени во американската фабрика во Алабама кои во производството не ги задоволиле стандардите на Мерцедес, па имаат по неколку сериозни недостатоци. Најмногу има СУВ модели ГЛЕ и ГЛС и купеа Ц и Е класа, како и голем број на ултралуксузни Мајбах С-класа кои стигнале во Бремен за доработка.

Интересно е дека меѓу нив има и модели за американскиот пазар, како и тоа дека таму се сместени и модели кои веќе не се на продажба како МЛ и Р-класа, откриваат германски Билд и Олденбургиш Фолксцајтунг. Автомобилите во последните недели со камиони се носени секојдневно на бившиот воен аеродром, кој е заштитен со висока ограда и во потполност е покриен со видео надзор.

Според Аутомобилвохе, Мерцедес моменталните 40.000 нови автомобили не може да ги пушти во продажба (ГЛЕ и ГЛС) заради недостатоци воочено кај седиштата и браниците при монтажа, а се чекаат и некои од добавувачите да го зголемат нивото на квалитет на кој инсистираат од Мерцедес. Некои медиуми ги контактирале Мерцедес за образложение, но од управата јавуваат – „дека се работи за нормален процес во производството, така што такви логистички зони се сосема нормални за користење како привремени складишта“.

Прашањето е само, дали ќе им се исплатат сите накнадни доработки на 9.000 автомобили пред продажба, кога веќе стигнале во Германија или е оценето дека тие автомобили е подобро да се напуштат и остават на пистата како контролиран трошок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот