Што понатаму доколку договорот на Борис Џонсон за Брегзит денеска не биде прифатен?

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го чека денот на одлука во британскиот парламент, каде пратениците треба да го подржат или отфрлат договорот кој пред два дена беше постигнат со европските челници во Брисел за излегување на Британија од ЕУ.

Неизвесноста особено е зголемена откако планот на Џонсон беше отфрлен од неговите северноирски коалициони партнери. Парламентот на вонредна седница во моментов расправа за тоа дали ќе го прифати предлогот на Џонсон за начинот на излегувањето од ЕУ.

Џонсон непосредно пред денешната седница изјави дека очекува од пратениците да го подржат неговиот план , откако истиот план претходно во Брисел го подржаа лидерите на ЕУ.

-Особено што пратениците како застапници на народот треба да ја изразат демократската воља на народот и да го спроведат Брегзитот, изјави Џонсон.

Според британските медиуми Џонсон засега нема мнозинство во парламентот па оттаму и проблемите со кои тој се соочува за добивање на мнозинство при евентуалното гласање за подршка на неговиот договор за Брегзит. Се шпекулира дека 321 пратеник би гласал против додека 318 пратеници евентуално би го подржале неговиот предлог договор.

Но, се посочува и фактот дека без десетте гласови од северноирската ДУП партија, Џонсон нема да може да се надева за подршка, а неговите северно ирски сојузници веќе се произнесоа дека договорот за Брегзит во ваква форма за нив е неприфатлив.

Исто така Џонсон ќе се обиде да ги убеди 28 најтврдокорни конзервативци, кои упорно заговараат тврд Брегзит, односно излегување на Британија од ЕУ без договор, кои за постетување редовно гласаа против предлозите на претходничката на Џонсон, Тереза Меј.

И секако , за целосен успех Џонсон ќе мора да бара подршка и од одреден дел на опозиционите лабуристи. Познато е дека 9 пратеници на лабуристите не ја отфрлија опцијата да го подржат Брегзитот доколку тој биде постигнат во склад со интересите на Велика Британија.

Што доколку Џонсоновиот предлог договор пропадне?

Доколку денеска пратениците во Британскиот парламент не го подржат предлогот на Премиерот Џонсон, според законот, тој ќе мора да напише писмо до Брисел во кое ќе побара дополнително време за преговори . Тоа практично ќе значи одложување на првично поставениот рок за напуштање на унијата , 31 откомври.

Со ова, ветувањето и не повлекувањето на Џонсон од намерата да ја извади Велика Британија од ЕУ , ќе доживее дебакл, а самиот Борис Џонсон може да доживее пораз во својата политичка и премиерска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот