Што означуваат ѕвездите на дресовите на фудбалските екипи!?

Најголемите европски екипи ширум Европа како Баерн Минхен, Јувентус, Селтик и останати гиганти, имаат различни колекции на звездички на своите дресови. Дури и одредени репрезентации имаат ѕвезди на дресовите, Англија има една, Германија и Италија по четири, а Бразил дури пет. Фудбалските фанатици го знаат одговорот, но има и фанови кои сè уште се прашуваат зашто се ставаат ѕвездичките и какво значење имаат тие.

Фудбалските федерации и лиги имаат различни правила, а најпознатата лига, Премиер лигата, сè уште нема усвоено систем кој им дозволува на екипите да носат ѕвезди над грбовите на своите дресови.

Клубовите имаат право да стават ѕвезда над грбот по освојување на одреден број на титули. Во Италија, Холандија, Шведска и уште 90% од земјите ширум светот, секој клуб добива по една ѕвезда за освоени 10 шампионски титули во домашниот шампионат. Екипата на Ајакс која има 33 шампионски титули на дресовите има три ѕвезди.


Меѓутоа во Бундес лигата има поинакво правило, клубот добива една ѕвезда за три освоени титули, две ѕвездички за пет титули и три ѕвезди за 10 шампионски титули. Баерн Минхен на својот дрес има четири ѕвезди бидејќи повеќе од 20 пати триумфирал во Бундес лигата.

Екипата на Ренџерс во Шкотска има пет ѕвездички бидејќи ја освојуваше титулата повеќе од 50 пати, додека нивниот најголем ривал, Селтик, има само една над својот грб на дресот и тоа поради триумфот во Купот на шампионите во 1967 година.

Интересно е дека во Англија има само четири екипи кои имале или имаат ѕвезди на своите дресови. Тоа се Манчестер сити, Бјури, Ипсвич и Нотингем форест.

Трите ѕвезди над грбот на Манчестер сити немаат никаква врска со освоени трофеи, туку во 1997 година ги вметнаа поради декоративни причини. Тој грб на Манчестер сити замина во историјата во 2015 година, а на новиот нема ниту една ѕвезда.

Двете ѕвезди над грбот на Нотингем Горест ги означуваат двата триумфи во Купот на шампионите, додека Ипсвич има три ѕвезди поради триумфот во првата лига (1962), ФА Купот (1978) и Купот на УЕФА (1981). Нисколигашот Бјури во 2011 година постави две ѕвезди над својот грб поради триумфот во ФА Купот на почетокот од 20 век, во 1900 и 1903 година.

Доколку репрезентацијата носи ѕвезда над грбот, тоа најчесто значи дека триумфирала на Светско првенство. Меѓутоа, има и репрезентации кои не триумфирале на Мундијалот, но освоиле големо натпреварување како Африкански куп, Азиски куп или Олимписки игри и носат ѕвезди над својот грб. Интересно е што на дресовите на Уругвај има четири ѕвезди бидејќи по два пати триумфираше на СП и на Олимписките игри.

Екипата која има највеќе ѕвездички на својот грб е францускиот Нант, „канаринците“ имаат дури осум поради осумте шампионски титули. По него следи Ренџерс со пет па Баерн Минхен и Олимпијакос со по четири ѕвезди.

Интересно е што најтрофејната фудбалска екипа, Реал Мадрид која има дури 13 титули во Лигата на шампионите, како и Барселона немаат ниту една ѕвезда бидејќи шпанската фудбалска федерација нема донесено одлука дека е задолжително ставањето на такви обележја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот