Што означуваат белите точки на ноктите?

Прстите, особено ноктите, откриваат многу за здравјето на луѓето. Нутриционистката Фиона Так вели дека доволно е само да ги погледнете вашите нокти за да сфатите дека ви недостасуваат одредени хранливи материи.

„Белите ленти на ноктите можат да бидат знак на недостаток на цинк или калциум во телото“, изјави таа за „Дејли меил“.

Сепак, Националната здравствена служба на Велика Британија наведува дека белите ленти може да значат и недостаток на железо, односно анемија.

Постојат и други причини зошто се појавуваат бели дамки на ноктите.

Може да биде реакција на лак или средство за чистење. Во тој случај, ако престанете да користите одредени производи за кои се сомневате, дамките ќе исчезнат.

Healthline вели дека исто така можете да проверите дали станува збор за габична инфекција што може да се појави на ноктите на вашите раце, како и на нозете.

Белите ленти понекогаш се појавуваат на тенки и кршливи нокти. Во овој случај, промена во исхраната може да помогне, но ако овој проблем ве мачи и е долготраен, најдобриот совет е да контактирате со вашиот лекар кој ќе ве упати на понатамошни тестови и на тој начин да добиете одговор на прашањето што е причината за овој симптом во вашиот случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот