Што открива за вас бојата која преовладува во гардероберот

Instagram

Новинарката и психолог, Лиза Џонсон Мендел, тврди дека сината боја е најдобра боја ако одите на разговор за работа, затоа што дава впечаток на самоувереност и сигурност.

Според изјавите на стилистот и авторот на книгата Color Your Style, Дејвид Зајл, иако во вашиот ормар има многу бои и нијанси, секогаш постои некоја боја која најмногу ја носите, затоа што во неа се чувствувате удобно и сте многу посамоуверени. Токму таа е бојата која најмногу говори за вашиот карактер.

Црна

Експертот за мода, Карен Хелер, потенцира дека црната боја се смета за боја на сериозност. И навистина, според психолошките истражувања, црната боја секогаш се сметала за синоним на престижот, моќта, сериозноста и интелегенцијата. Тоа е една од причините што црната боја се користи за изработка на костуми за дипломирање на многу светски универзитети.

Луѓето на кои црната им е омилена боја, се амбициозни, одлучни но и чувствителни. По правило, тие се чувствителни и лесно се возбудуваат иако тоа се трудат да го прикријат. Црната боја им помага да привлечат внимание во околината со својот изгледа на нивната личност, бидејќи внатрешните особини им се најважни.

Кафеава

Кафеавата е боја на земјата, нешто сигурно, силно и стабилно. Така другите ги доживуваат луѓето кои често ја носат кафеавата и нејзините нијанси. Луѓето кои ја сакаат оваа боја се малку конзервативни, ги почитуваат старите и секогаш бараат мир, стабилност и сила во се. Жената во кафеав фустан и мажот во кафеав капут оставаат впечаток на сигурни, интелегентни и рационални личности.

View this post on Instagram

@varlesca.beata ✔️✔️

A post shared by Streetstyle Daily (@streetstyle__daily) on

Сина

Новинарката и психолог Лиза Џонсон Мендел, докажува дека сината боја е најдобра доколку одите на интервју за работа, затоа што остава впечаток на самоувереност и сигурност. Затоа многу работни униформи се во оваа боја.

Научниците од Универзитетот од Британска Колумбија спровеле истражување во врска со влијанието на боите и откриле дека темните нијанси на сината боја имаат смирувачко дејство. Луѓето сината боја ја поврзуваат со интелегенцијата, довербата, ефикасноста и смирувањето. Сините нијанси на облеката често ја избираат, љубезни, симпатични, човечни, дури и срамежливи луѓе.

Како истакнуваат психолозите, луѓето кои обожуваат сина боја ќе бидат прекрасни родители и примерни работници. Смиреноста и рамнотежата се двете најчести особини кои ги имаат ваквите луѓе.

View this post on Instagram

@streetstyle__outfits ✔️✔️ 1, 2, 3, 4 or 5?

A post shared by Streetstyle Daily (@streetstyle__daily) on

Зелена

Истражувачите од Амстердамскиот универзитет потенцирале дека зелената боја предизвикува добро расположение во вас и вашата околина.

Пријатноста на зелената боја доаѓа од поврзаноста со природата, што предизвикува чувство на мир и задоволство, докажува Лиатрис Ајсмен од институтот за боја Пантон. Оние кои преферираат зелена боја водат активен, јавен живот, секогаш живеат во пријатно опкружување и воглавно финансиски се стабилни. Исто така се грижливи, љубезни и имаат меко срце.

Виолетова

Во минатото, виолетовата боја често претставувала благородништво и друштво од висок ранг. Значела софистицираност, богатство и луксуз.

Познато е дека Клеопатра била луда по виолетовата боја. Во текот на дамнешните времиња, само богатите можеле да си дозволат да носат нијанси на виолетова боја. Денес виолетовата боја значи креативност, воочливост, и креативност за уметност.

Според мислењето на стручњаците, луѓето кои носат виолетова боја пред се се емотивни. Тие се вистински сонувачи, страствени се и ја сакаат мистеријата. Исто така се познати како непредвидливи и излегувањето на крај со нив, може да биде и лесно и тешко во исто време.

Црвена

Црвената боја секогаш се поврзувала со страст и моќ. Доколку сакате да импресионирате и убедите некого во нешто тогаш со сигурност можете да и дадете предност на оваа боја.

Секоја светла нијанса на црвена привлекува внимание на личноста која ја носи. Луѓето ја поврзуваат оваа нијанса со енергија, виталност и возбуда.

Психолозите тврдат дека жените кои носат црвена боја се попривлечни за мажите, ккао и дека оваа боја ги возбудува. Оние кои често ја носат црвената боја се паметни, лесно раздразливи, помалку себични и лесно можат да бидат склони кон зависности.

Жолта

Жолтата е боја на среќата, сонцето и смеата.

Истражувањата покажале дека оваа боја го зголемува производството на серотин (хормонот на среќата) во мозокот, го забрзува метаболизмот и го подобрува расположението.Освен тоа, жолтата ја зголемува концентрацијата и вниманието па поради тоа често пати се користи на паноа и реклами, патокази, и улични линии.

Стручњаците нагласуваат дека жолтата ја носат активни, креативни личности. Тие се сонувачи и авантуристи, подготвени за истражување и освојување.

Бела

Белата боја е симбол на чистота, невиност и едноставност. Ова е причината зошто некои луѓе одлучуваат да купат нешто бело кога започнуваат со нешто ново во животот или отвораат некое ново поглавје.

Белата боја ги привлекува сигурните луѓе кои сакаат слобода и гледаат на животот оптимистички. Овие луѓе се многу уредни и организирани во се што работат, сакаат нови почетоци и тежнеат кон совршенство.

Општо земено, белата боја можат да ја носат различни типови на личности. Тоа е неутрална боја која ретко ги одбива другите.

Розева

Светло розевата е боја на жените кои сакаат да флертуваат. За жените во позрели години, меките и нежни нијанси на розева се пожелни, бидејќи претставуваат крајна женственост.

Нежно розевата боја се смета за мирна, топла и женствена, и е една од најмоќните седативи. Тоа е причина зошто во некои затвори ѕидовите се обоени со розева, бидејќи нејзината посветла нијанса ја намалува агресивноста.

Според мислењето на психолозите, луѓето кои ја сакаат розевата боја се романтични, оптимистични и праведни. По правило, тоа се и луѓето кои ја ценат љубезноста и удобноста над се.

Портокалова

Портокаловата секогаш ја прави атмосферата забавна, бидејќи се смета за топла и опортунистичка боја. Исто така е весела, креативна и атрактивна.

Тие кои сакаат да носат портокалово се оптимисти, енергични и расположени, но и спремни на промени. Може да бидат помалку и чудни луѓе, но и амбициозни и разумни.

Сива

Како што стилистите сакаат да кажат, сивата е боја на рамнотежа, не е ни темна ни светла.

Ако личноста има многу сива облека, тоа обично значи дека сака да остане невидлива. Сивата и нејзините нијанси се симбол на мир и зрелост.

Многу мажи во средните години носат сиви костуми, додека жените во постари години носат сиви фустани. Во обзир дека тоа е неутрална боја, особено е тешко да се окарактеризира личноста која ја преферира оваа боја. Тие можат да бидат спремни да ги почитуваат правилата, разумни се, ниско-емоционални, и категорични луѓе. Но, во многу случаи, личноста која преферира сива боја не сака да привлекува внимание и с еобидува да одржи неутралност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот