Што откри документарецот за Михаел Шумахер, фановите разочарани од виденото

фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Долго очекуваниот документарен филм на Нетфликс за легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер нема да ги запре шпекулациите за неговата здравствена состојба бидејќи ништо од тоа што ја интригира светската јавност не е откриено во филмот.

Сите се свесни дека неговата здравствена состојба не е добра и доколку има напредок по неговиот пад на француските Алпи во декември 2013 година, сигурно не е таков да заслужи да биде прикажан пред камерите.

Поради тоа постои разочараност кај речиси сите кои го погледнаа документарниот филм на Нетфликс бидејќи се надеваа дека ќе бидат прикажани и ексклузивни фотографии од приватната архива на семејството Шумахер кои би претставувале опис за состојбата во која се наоѓа седумкратниот Ф1 шампион.

Критичарите немаа милост кон сценаристите на документарецот кои пак добија поддршка од семејството Шумахер за да ја раскажат приказната во овој облик за да не се наруши митот за Михаел.

Наместо детали за несреќата која се случи на француските Алпи, фановите на Михаел Шумахер во документарецот можеа да погледнат снимки до нуркањето на Михаел и Корина, слики од семејниот одмор во Норвешка./ фото: EPA-EFE/OLIVER MULTHAUP

Дури на крајот од вториот час од филмот, односно кон крајот на документарецот се споменува несреќата која се случи на француските Алпи. Најголем дел од коментарите на сопругата на Михаел, Корина Шумахер беа во стилот „поинаков“, „сè уште покажува колку е силен“... но за критичарите тие пораки се нејасни и не кажуваат речиси ништо.


Наместо тоа, фановите на Михаел Шумахер можеа да ги погледнат сеќавањата на Мика Хакинен за нивното ривалство уште од детските денови, снимки до нуркањето на Михаел и Корина во Обединетите Арапски Емирати, караоке со Дејвид Култхард, слики од семејниот одмор во Норвешка….

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот