Што ни предизвикува САЛО НА СТОМАКОТ кое најтешко се „симнува“

Фото: Инстаграм

Стомакот е, всушност, најспецифичниот дел од телото кога е во прашање слабеењето, но зошто е најтешко да се ослободиме токму од ваквиот вишок?

Овие четири причини го даваат одговорот, според новите истражувања.

Газирани пијалаци

Газираните пијалаци се најголеми непријатели во борбата против ослободување од вишокот на масти. Без разлика дали пиете дури и газирана вода, газирани сокови без шеќер, диетални газирани пијалаци, сите тие со текот на времето ќе ви додадат неколку сантиметри повеќе на вашата половина, иако не содржат калории. Сосема откажете ги газираните пијалаци и заменете ги со поздрави алтернативи. Вода со цеден лимон, на пример, е одличен начин во борбата против наталожените масти.

Недостаток на калциум во исхраната

Наталожувањето на мастите околу стомакот се должи и на недоволен внес на калциум во вашата исхрана. Според неколку нови истражувања, млечните производи содржат еден вид хормон кој ја намалува потребатата на вашето тело за складирање на масти. Ако не внесувате доволно калциум преку млечни производи, тогаш не го добивате ни хормонот што му треба на организмот во борба против масните наслаги. Затоа балансирајте го внесот на калциум добиен од млекото, јогуртот, сирењето и слично.

Работно место зависно од седење

Најдобар дел од денот го поминуваме на работното место. Според истражувањата, оние на кои работното место им е поврзано со седење имаат тенденција за повеќе сантиметри околу половината, отколку оние чие работно место е со стоење или движење. Истото истражување тврди дека и луѓето со повеќе работни часови во денот на работното место се подебели од оние кои работат со скратено работно време. Затоа, обидете се да внесете малку вежбање во вашиот ден кога можете. Можеби одлично решение е да одите на работното место со велосипед или пеш.

Недостаток на сон

Познато е дека спиењето е важно за да го одржиме нашето тело во рамнотежа и сите наши органи да работат на најдобар начин. Кога немаме доволно сон, поголема е веројатноста да го нарушиме природното движење на нашиот внатрешен систем, што ги зголемува ризиците од зголемување на телесната тежина. Според истражувањето, оние кои имаат нередовен сон, односно кои спијат помалку од шест часа во текот на едно деноноќие, се повеќе склони на таложење на масни наслаги отколку оние со редовен и „здрав“ осумчасовен сон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот