Што не треба да јадете во текот на менструацијата, големо „не“ за ова овошје

Фото: Профимедиа

Храната има огромно влијание врз грчевите и промените во расположението. Постојат безброј совети што би требало да консумирате, а што не во текот на менструалниот циклус.

Иако не постои магичен лек за ПМС, погледнете која храна би било најдобро да ја избегнувате во текот на менструалниот циклус.

Слатки

Колачите, тортите и сличните видови на храна не се препорачуваат за време на циклусот, бидејќи прават да се чувствувате исцрпено. Наместо тоа земете праска, парче лубеница или манго.

Печива

Знаеме дека печивото е исклучително вкусно, но за жал, содржи голема количина трансмати кои го зголемуваат нивото на естрогенот. Тоа може да предизвика болки, така што ве советуваме да јадете интегрален леб, бидејќи истиот содржи повеќе влакна. Интегралниот леб претставува најдобра опција.

Чипс и грицки

Најлесно е да посегнете за ќесичка чипс, но овој вид на храна може да направи да се чувствувате уште полошо. Пржената храна најчесто содржи доста натриум, па наместо тоа подобро е да вкусите јаткасти плодови (орев, бадем, лешник).

Кафе

Кофеинот од кафето ги зајакнува болките и може да предизвика нередовен циклус, промени во расположението и несоница. Кафето можете да го замените со чај, бидејќи има помалку кофеин од кафето. Исто така се препорачува да се избегнуваат енергетските пијалаци.

Еве уште еден: избегнувајте ензим бромелаин во храната – што ја олеснува циркулацијата.

Со нашата исхрана можеме да влијаеме на тоа како ќе се „однесува“ нашиот менструален циклус. Можеби не сте знаеле, но треба да избегнувате ананас. Имено, ова овошје содржи ензим бромелаин.

Ананасот ја интензивира менструацијата.

Кај жените постои зголемено производство на бели и црвени крвни клетки, што може да предизвика потешко менструално крвавење. Покрај тоа, може да предизвика луштење на слузокожата на матката.

Затоа, веднаш по почетокот на бременоста се советува да го исфрлите ананасот од исхраната.

Во текот на менструалниот циклус треба да бидете внимателни со консумирање ананас – инаку тој е одличен извор на витамин Ц и други важни минерали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот