Што нè очекува во 2020? „Мулан“, „Дулитл“ и „Топ ган“!

Британскиот весник „Гардијан“ ја направи листата со филмови што треба да ги наполнат киносалите во 2020 година, а најчесто станува збор за семејни и акциони филмови.

Во 2019 година видовме неколку извонредни филмски остварувања, кои секако дека ќе бидат запомнети како антологиски во иднина. Но според најавите, богата понуда ќе нè очекува и во 2020 година, во која ќе има неколку изненадувања.

Британскиот весник „Гардијан“ ја направи листата со филмови што треба да ги наполнат киносалите во 2020 година, а најчесто станува збор за семејни и акциони филмови.

„Мулан“

Во 2019 година познатите цртани на „Дизни“ како „Кралот лав“, „Аладин“, „Дамбо“, веќе добија свои нови верзии, па 2020 година е резервирана за „Мулан“. „Гардијан“ пишува дека овој филм ќе ја врати публиката во кината и ќе биде еден од најгледаните. Филмот ја следи приказната за младата девојка која се маскира во маж за да оди во војска наместо нејзиниот татко.

„Вештерките“

Во филмот „Вештерките“ од 1990 година главната улога ја имаше легендарната Анџелина Хјустон, а сега оваа улога ќе ѝ припадне на Ен Хатевеј. Дејството во филмот е сместено во Алабама во 60-тите години, а режисер на филмот е Роберт Земекис.

„Онворд“

Приказна за две момчиња чии гласови ги позајмуваат Том Холанд и Крис Прат. Двајцата се обидуваат во нивниот живот да го вратат својот татко. Секако, како и во секој ваков филм, работите не тргнуваат како што треба.

„Скриената градина“

Познатиот филм од 90-тите години добива своја адаптација, овој пат со Колин Фирт во една од главните улоги.

„Истребувачи на духови“

Филм за истерувачи на духови во кој главните улоги во 2016 година ги имаа актерките Мелиса Мекарти и Кристен Виг, но филмот не ги воодушеви гледачите. Затоа, последниот филм во серијалот директно го следи оригиналот од 1984 година и продолжението од 1989 година. Во филмот играат Пол Рад, Кари Кун и Фин Волфхард.

„Дулитл“

Роберт Дауни Јуниор се појавува во улога во која веќе се појави Еди Марфи. Тој ќе открие дека може да ги разбира животните.

„Нема време за умирање“

Новиот филм на познатиот агент 007, Џејмс Бонд, оваа година пристигнува на големото платно. Уште еднаш го гледаме Даниел Крејг, а неговиот непријател ќе го глуми Рами Малек.

„Брзи и бесни 9“

Вин Дизел се враќа како уличниот тркач Дом Торето. Во овој дел ќе ја гледаме и прекрасната Шарлиз Терон.

„Топ Ган: Маверик“

Иако според „Гардијан“ никој не е сигурен зошто е снимено продолжение од легендарниот филм, една од причините можеби е да се покаже дека Том Круз сè уште е во одлична форма.

„Годзила против Конг“

И претходно имаше филмови за Годзила и Кинг Конг, но не ваков.
– Ова ќе биде моќна борба за која ќе се зборува наредните години – пишува „Гардијан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот