Што не чека по пандемијата? Најбарани ќе бидат менаџерите!

Економската криза поради корона пандемијата, негативно влијаеше на многу работни позиции. Луѓето масовно добиваа откази, а за некои професии во иднина нема да има ни потреба.

Но, бизнис и технолошкиот сектор ќе цветаат. Тоа се заклучоците што ги објави Бизнис инсајдер по истражувањето на американското биро за статистика.

ИТ секторот во последно време е еден од најплатените и тој тренд ќе продолжи. Програмирањето котира одлично како барана професија, која е ценета и добро платена.

Според студијата, до 2022 година во оваа индустрија ќе работат 42.200 работници. Просечната плата во овој сектор лани била 77.733 евра годишно.

Во наредните години особено ќе се развиваат медицинските апликации во оваа индустрија.

Се претпоставува дека за 10 години во таа област ќе се отворат 42.600 работни места со просечна плата од 95 000 евра годишно.

На светот во следните години ќе му требаат и менаџери од секаков вид, било да се работи за маркетинг менаџери, менаџери во ИТ индустријата, оперативни или финансиски.

Клучни вештини за секоја професија ќе бидат ефикасност во работата и организација, брза и квалитетна реализација на проектите, дигитална комуникација.

Менаџерите лани во просек заработувале 60 000 евра.

Стручните лица за маркетинг во моментов заработуваат околу 55 000 евра годишно, а оние што креираат апликации за мобилни телефони имаат приход од 100 000 евра годишно.

До 2028 година во овој сектор работа ќе најдат околу 76 000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот