Што навистина помага при настинка?

Покачена температура, малаксаност, поспаност, болки во зглобовите, кивање, кашлање и течење на носот се едни од главните симптоми кои го обележуваат присуството на настинката.

Потребно е да се знае што треба да се консумира за да се намалат симптомите на настинката.

Мед

Чај со мед или топла вода со лимон измешана со мед го намалува кашлањето кај децата и може да помогне во ослободувањето на болките во грлото кај возрасните.

Во едно истражување, на деца од 2 години и постари со инфекции на горните дишни патишта, им биле дадени 2 лажички мед пред спиење, со што ноќното кашлање било намалено и спиењето било полесно.

Витамин Ц

Иако некои истражувања укажуваат на тоа дека витаминот Ц може да го скрати времетраењето на настинка, сепак други велат дека нема корист од него. Ниту едно поголемо истражување не покажува дека витаминот Ц покажува заштита од настинка.

Истражувањата покажуваат дека земањето на витамин Ц може да помогне при настинка само ако организмот има недостаток од овој витамин.

Витаминот Ц генерално се смета за безбеден, но сепак, поголеми дози можат да предизвикаат дигетстивни проблеми како што се дијареја и гадење.

Цинк

Некои истражувања откриваат дека земањето на суплементи на цинк во првите неколку дена од настинката, може да го скрати времетраењето на болеста. Меѓутоа, бидејќи суплементите не се регулирани, не можете секогаш да бидете сигурни во тоа колку се ефикасни.

Исто така, цинкот спречува настинка кај луѓе кои го користеле во текот на 5 месеци.

Но важно е да се знае дека цинкот е токсичен доколку се консумира во високи дози.

Топли пијалаци

Шолја топол чај може да го олесни кивањето, кашлањето и да го одзатне носот. Топлите пијалаци помагаат и во намалувањето на секретите во градите и синусите.

Некои истражувања покажуваат дека и пилешката супа има слични ефекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот