Што навистина му прават ВИСОКИТЕ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ на нашето тело? – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Што навистина му прават ВИСОКИТЕ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ на нашето тело?

Најчувствителни на високи температури се хронично болните луѓе кои истовремено мора да земаат терапија. Покрај температурата, нив им пречи и влагата.

Термометарската жива не се спушта под 37-38 степени Целзиусови преку ден, а за викендов се смета дека поминале најтоплите денови од ова лето.

Многумина од нас имаат потешкотии во правилното функционирање токму поради жештините, кои предизвикуваат умор, изнемоштеност, промени во крвниот притисок, главоболки, вртоглавици и многу други слични симптоми.

Најчувствителни на високи температури се хронично болните луѓе кои истовремено мора да земаат терапија. Покрај температурата, нив им пречи и влагата. Но, ниту здравите луѓе не се имуни на ваквата горештина.

При вакви температури, најпрво се активира термореулациониот центар во мозокот и кај здравите и млади луѓе, телото побрзо се прилагодува на промената. Повозрасните и болните овој рефлекс го добиваат со мало задоцнување.

Потоа настануваат осцилации во крвниот притисок. Одредена група здрави луѓе се чувствителни на жештина исто како и болните и возрасните, па затоа може да дојде до нагло покачување или паѓање на притисокот и секако, вртоглавици и изнемоштеност.

Иако најпаметното решение ви се чини дека е влегување во климатизирана просторија, не смеете да дозволите таква нагла промена. Всушност, најпрво треба да се повлечете во сенка и по можност на место каде има струење на воздух, а дури потоа да влезете во климатизирана соба. Истото важи и кога треба да излезете од климатизирана просторија, во која температурата може да е и до 5-7 степени пониска од надвор.

Поради засиленото консумирање течности и овошје и зеленчук кои содржат вода, може да дојде до зголемен број мокрења во текот на денот, а доколку консумирате помалку тврда храна, тогаш се можни и дијареи. Во лето внимавајте на правилото да не пиете вода веднаш по оброкот, туку подоцна, бидејќи на телото му се потребни концентрирани желудочни киселини за да ја вари правилно храната.

Што се однесува на очите, заштитете ги со очила со УВ-филтер. Носете лесна облека, покривајте ги главаата и вратот со шешир или светла марама, намалете со алкохол и цигари, јадете храна богата со вода, проветрувајте ако треба и по цела ноќ, а преку ден спречете навлегување на сончева светлина со помош на потемни завеси и ролетни. Секако, обидете се помалку да се нервирате, бидејќи сосема е нормално при вакви високи температури да сте иритирани, но не би сакале да избувнете и да повредите некого со своите зборови и реакции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close