Што направи човеку: Ѓоковиќ имаше „инцидент“ во Париз! (ВИДЕО) - Слободен печат
ОстанатoСпорт

Што направи човеку: Ѓоковиќ имаше „инцидент“ во Париз! (ВИДЕО)

Првиот светски рекет, Ѓоковиќ го имаше првиот тренинг пред настапот на Грен слем турнирот Ролан Гарос кој ќе стартува в недела.

Денеска во гимнастичарската сала пред тренингот Ѓоковиќ користеше медицинска топка која силно ја удираше на подот кој под притисок пукна. Во улога на форензичар, го означи „местото на злосторството“, по што испрати една хумористична порака:

– На денешното загревање пред тренингот прилично силно ја одбивав медицинската топка на подот. Како резултат на тоа, се скрши дрвениот под. Ролан Гарос, те молам опрости ми – напиша Ноле на својот „Твитер“.

Ѓоковиќ на шега додаде уште дека за секој случај го напуштил Париз на неколку дена се додека истрагата не заврши. Неговото учество на Ролан Гарос можеби се преиспитува.

Да потсетиме, своето натпреварување во францускиот главен град ќе го има од второто коло во кое ќе ги одмери силите против 43. светски тенисер кој доаѓа од Унгарија, Хуберт Хуркач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close