Што напишаа скаутите на Барселона за Диего Марадона

фото:fc barcelona

Денеска, странските агенции и медиумите го пренесoa извештајот што Меноти го испратил во Барселона во 1978 година, откако остварил средба помеѓу Бока Јуниорс и Аргентинос Јуниорс. Марадона во тоа време имаше 17 години, а вака изгледаше извештајот што го доби Барс:

Извештај: Диего Армандо Марадона.

Оценка: Многу добар, извонреден. Брзина 9.5, Забрзување 9.5, Игра со топка 9.1, Игра без топка 9.5, Агилност 9.5, Скок 8.

Психолошки аспекти: Ментална сила 10, Отпорност на прекршоци 10, Концентрација 10, Себичност 0, Личност 10.

Општа техника: Непобедлив.

Прецизна техника: Извонреден, застрашувачки ефикасен дриблер. Силен. Храбар. Одличен удар. Одличен пас. Максимална прецизност. Беспрекорна визија. Просечна игра со глава. Добар водач. Знае да ја сочува топката.

Индивидуална тактика: Комплетна фудбалска интелигенција. Комплетно чувство за фудбал.

Општи заклучоци: Млад. Роден на 30 октомври 1960 година. Има неверојатна техника и дриблинг на највисоко ниво. Тој секогаш оди нормално на голот, но знае кога да се ослободи од топката и да му ја даде на соиграчот. Одлични рефлекси. Неговите кратки додавања и удари се чудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот