Што му се случи на Трамп со раката после дебатата? (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, ноќеска ја имаа првата од трите дебати пред претседателските избори на 3. ноември.

На дебата искреше од самиот почеток и хаотично остана до крајот, цел час и половина. Кандидатите си говореа еден преку друг, главно Трамп преку Бајден и паднаа многу тешки зборови.

Освен она што е кажана, во око падна и една ситуација од крајот на дебатата, кога кандидатите позираа со своите сопруги. Меланија Трамп дојде да го поддржи сопругот Доналд, а на крајот од дебатата се качи на сцената и им позираше на фотографите.

Додека стоеја пред фотографите, Трамп ја држеше Меланија за рака, но со неговата десна рака се случуваше нешто како тик.

Многумина забележаа и дека сопругата на Бајден многу срдечно му честиташе на сопругот после дебатата, додека Меланија не покажа никакв емоција или поддршка за својот сопруг.

Не е првпат

За можните проблеми на Трамп со раката, веќе се пишуваше многу. Во јуни годинава Трамп во текот на говорот на воената академија Вест Поунт не можеше нормално да ја крене чашата со вода, туку мораше да ги користи двете раце.

Прочитајте и...  Eколошките активисти алармираат: Отровни води ја загадуваат почвата и водата во тетовско Јегуновце

Трамп веќе ја кревал чашата со две раце, а тоа првпат е забележано во 2017 година, кога ја изложуваше својата стратегија пред припадниците на воената служба во Вашингтон.

Истата година со две раце го крена шишето вода додека говореше за трговскиот договор со Јапонија.

Поврзани вести

Бугарски медиуми: Претседателот Радев во самоизолација по контакт со заразен со ковид-19

Слободен печат

Бучковски: Бугарија ќе направи историска грешка ако ја блокира нашата земја на европскиот пат

Слободен печат

Дачиќ ќе биде нов претседател на српското Собрание, експозето на Вучиќ во среда, во новата влада и СПАС на Шапиќ

Слободен печат

Исчезна маж од Скопје, семејството моли за помош

Слободен печат

Шилегов за тунелите под Кале: Подобро да изгубите време во проектирање, отколку да ви се случи Кичево-Охрид

Слободен печат

СДСМ: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спасат од одговорност криминалците од нивните редови

Слободен печат

Остави Коментар