Што му правите на телото кога често јадете виршли, колбаси и салами?

Преработките од месо, како што се виршлите, колбасите или саламите, имаат многу кaлории, масти и сол. Со редовното консумирање (неколку пати неделно) вашиот организам го доведувате во ризик, односно дебелеење, дијабетес, срцеви болести или рак.

Сигурно веќе сте слушнале дека преработките од месо не се добри за вас, но опасноста ќе ја сфатите кога ќе дознаете колку тие всушност не се здрави. Во преработки од месо спаѓаат сите производи од месо кои го поминале процесот на солење и добиле хемиски третман кој им го продолжува рокот на траење.

1. Дебелеење

Преработките од месо се преполни со сол, калории и масти. Преголемото количество на сол во вашето тело доведува до задржување на водата и надуеност. Уште повеќе сол и маснотии ќе внесете во вас ако ги јадете овие преработки во сендвич, комбинирани со сирење, мајонез и слични додатоци.

Уште еден проблем со преработките од месо е што тие ви го забавуваат системот за варење и ве прават тромави, па наместо да имате енергија да се прошетате и направите некоја физичка активност, тие вашата енергија ќе ја спуштат на минимално ниво и вие ќе посакате да си легнете.

2. Срцеви болести

Замислете си само колкав терет му ставате на своето тело кога ќе изедете некоја виршла или преработено месо. Ќе внесете три пати поголемо количество на сол отколку да изедете еден сендвич со варено пилешко месо. Зошто големото количество на сол е премногу опасно? Затоа што ги ослабува вашите крвни садови, а тоа води до срцеви болести.

Вашето тело не може да преработи толкаво количество на сол. Задржувањето на водата поради натрупаната сол го зголемува протокот на крв и сето ова води до еден маѓепсан круг – колку е поголем протокот на крв, толку вашето срце ќе мора повеќе крв да испраќа во вашите артерии – и на тој начин ќе дојде до оптеретување.

3. Дијабетес

Истражувањата покажаа знаци на опасност од нитритите во преработките од месо. Експертите за дијабетес велат дека нитритите го намалуваат излачувањето на инсулин и негативно влијаат на нивото на гликоза во крвта. Лекарите велат дека само една виршла, две парчиња салама или 50 грама чајна и колбасица го зголемуваат ризикот за дијабетес за 34 проценти.

4. Рак

Шведските научници открија дека меѓу оние кои јадат постојано преработки од месо е зголемен ризикот за рак на желудникот. Долгогодишните истражувања покажуваат дека оние кои ги козумираат овие продукти имаат 67 проценти поголеми шанси да добијат рак на панкреасот во однос на оние кои не ја јадат оваа храна или многу ретко ја јадат.

Општиот совет на медицинските експерти е дека прерабоките од месо (доколку не можете да ги исфрлите од исхраната) треба да ги јадете максимум еднаш на 10 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот