Што му подари Пендаровски на Вучиќ и каква порака му испрати со тоа?

Претседателот Стево Пендаровски при денешната официјална посета на Србија, на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари галичка пафта.

Овој подарок отвора дилема дали претседателот Пендаровски му упати некаква порака на претседателот Вучиќ со подарокот? Се работи за неодамнешното тврдење на српската радио телевизија РТС која преку емисијата „Квадратура круга“ емитуваше документарна емисија со која тврди дека Мијаците се старо српско племе„Мијаците се старо српско племе кое уште во средниот век се доселиле од Албанија за да се заштитат од Турците”, се велеше во најавата за емисијата. Ова тврдење ја подигна домашната јавност, пред се граѓаните со мијачко потекло кои не се согласуваат со ова одбележување, тврдејќи дека се Македонци. Месната заедница Галичник остро ги осуди овие „тези кои тенденциозно го навредуваат македонскиот народ“ и побараа јавно извинување од РТС.

Пафтата која денеска ја подари Пендаровски на Вучиќ била избор на македонскиот претседател кој по потекло е од Галичник, а пафтата е симбол кој се наоѓа на невестинскиот појас на галичката народна носија.

Претседателот Пендаровски денеска и утре е во официјална посета на Република Србија, а покрај средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе се сретне и со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот