Што му е најчудно на човек кој е ослободен од затворска казна од 240 години?
Кога Боби Бостик бил ослободен од затвор во ноември 2022 година, отслужувајќи 27 години од неговата 241 годишна казна, многу нешта му изгледале чудни, пишува „Би-Би-Си“.
Од безжични слушалки, електронски помошници, машини за самопослужување пијалоци, светот на Бостик му изгледал многу поразличен отколку во декември 1995 година, кога бил затворен.
„Гледам како луѓе си прават муабет сами со себе, а тие всушност носат безжични слушалки, гледам како зборуваат со звучници, а тоа всушност е помошникот „Алекса“, гледам како само стискаш некое копче и добиваш пијалок“ раскажува поранешниот затвореник.
Но, најчудни за него биле самите луѓе.
„Чудно ми е што се толку пријателски расположени, во споредба со оние од заворот“ вели 44-годишниот Бостик. „Кога ќе отидеш во продавница, луѓето ти велат „Како може да ви помогнеме господине“, во затвор има само налутени ликови и насилство“ објаснува тој.
Нему сѐ уште му е чудно што луѓето го прашуваат „како е“, за разлика од „не мис е доближувај“.
„Во слободниот свет има многу фини работи. Луѓето се смеат, децата си играат, ова е всушност животот, ова е нормално. Вака треба да се живее“ раскажува тој.
Тој вели дека додека бил во затвор многу му недостасувало обичното човештво.
Бостик поминал речиси 10 илјади ноќи во ќелија, а на 8 ноември 2022 година му била неговата последна вечер во затвор. Тој вели дека премногу мислел на слободата, што не можел да заспие.
Последната ноќ тој ја поминал пакувајќи се. Поголемиот дел од предметите што ги имал ги оставил за другите затвореници, но едно нешто си го зел со себе. Тоа е машината за пишување, бидејќи како што кажува тој, на него напишал многу приказни кои ќе ги памти цел живот.
Како завршил тој во затвор?
Пред 25 години, судијата Евелин Бејкер му рекол на Бостик дека тој „ќе умре во затвор“.
Тој во декември 1995 година бил уапсен од стрна на полицијата во Сент Луис.
Како 16-годишно момче, Бостик пиел џин и пушел марихуана заедно со негов пријател. Тие решиле да ограбуваат луѓе по улиците на градот. Двојката украла од десетици луѓе, а отворила и оган кон луѓето кои ги ограбиле, но за среќа немало жртви. Тие успеале и да украдат кола од жена.
На почетокот, на Бостик судот му дал неколку понуди доколку признае вина. Но, тој никогаш не признал дека ги сторил случувањата, по што судот го прогласи за виновен. Судијата Бејкер му изрекол последователни казни за неговите 17 злосторства, со што му се собрала затворска казна до 241 година.
Неговиот пријател, признал вина, па добил само 30 години затвор.
Во 2010 година, Врховниот суд на САД пресудил дека малолетниците не треба да добиваат доживотни казни без помилување за неубиствени дела. Во 2016 година било потврдено дека пресудата треба да се однесува на минати случаи, како што е случајот на Бостик.
Но, во случајот со Бостик ништо не се сменило, односно тој тогаш останал во затвор, а судот ја одбил неговата жалба.
Бостик добил надеж откако бил донесен нов закон во Мисури, нудејќи условно ослободување на затворениците на кои им биле доделени долги казни како деца.
Години подоцна, уште немало ништо ново во случајот на Бостик, па тој решил јавно да се жали за своите права.
Судијката Евелин Бејкер, која во 1983 година му рекла на Бостик дека „ќе умре во затвор“, откако се пензионирала во 2008 година, признала дека овој случај е „единствената одлука по која жали“. Бејкер во 2018 година за „Вашингтон пост“ изјавила дека случајот на Бостик е неправеден.
„Боби беше 16-годишно дете кое го третирав како возрасно лице, што беше погрешно“, изјави таа. „Се зближив со Боби и неговата сестра. Сум видела како во основа малолетник деликвент се претвора во многу внимателен, грижлив возрасен. Тој порасна“.
Судот минатиот ноември конечно се одлучи да го ослободи Бостик.
Како што раскажува тој, стотици луѓе го посетиле откако се вратил во неговиот дом. Неговото семејство го пречекало со отворени раце.
Боби и неговата сестра сега водат добротворна организација „Драга мамо“, која им дава храна, играчки и друга поддршка на семејствата со ниски приходи во Сент Луис. Секој четврток води работилница за пишување во малолетничкиот центар во градот и се надева дека ќе направи повеќе. Но, како и добротворната организација, тоа е доброволна работа.