Што може да ви се случи доколку престанете да имате секс?

Фото: Профимедиа

Во вашето тело се случуваат одредени промени доколку апстинирате…погледнете кои се тие.

Доколку во животот сте имале сексуални односи, а потоа сте ги прекинале, поподложни сте на разочарување и пад во депресија во споредба со лицата кои не го искусиле.

Значи, целибатот и апстиненцијата не се исти работи од физиолошка гледна точка.

Мускули

Не е вистина дека вагиналните мускули ќе се „стеснат“ доколку некое време немате сексуални односи. Туку мускулите всушност „забораваат“ како да се опуштат при следниот однос и оттаму доаѓа тој мит за „стеснување“ на вагината.

Рак на простатата

Апстиненцијата ги зголемува изгледите за еректилна дисфункција кај мажите, а честите сексуални односи можат да ја намалат шансата за добивање на рак на простатата.

Имунитет

Сексуалната активност позитивно влијае на имунитетот. Луѓето кои имаат често секусални односи се помалку болни и имаат помала склоност кон разни инфекции.

Емотивни проблеми

Лицата кои свесно или несвесно апстинираат може да имаат и емотивни проблеми. Сексот дава задоволство и среќа. При сексот се лачат мноштво хормони кои го задоволуваат човековото тело и ум, а недостатокот на тие хормони може да доведе до емотивни проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот